Понеделник, 22 Април 2024   
Дојде време македонскиот народ да ја прекине агонијата!

DOOM Македонска нација

Дојде време македонскиот народ и другите заедници да ја прекинат агонијата која им ја приредија ДУИ и СДС. Дојде време да се стави крај на нивното владеење и распродажбата на македонскиот идентитет, јазик и култура.  Дојде време на промени. На 24 април Македонците и другите етнички заедници имаат историска можност без револуција, со пенкало во рака да гласаат за просперитетна иднина на сите граѓани во нашата држава.   

Навистина е време да му се стави крај на дивеењето, заканите и националното понижување кое секојдневно ДУИ и СДС му го приредуваат на Македонците. Време е прво да се ослободиме и од еден претседател кој е заложник на Али Ахмети и Димитар Ковачевски, претседател кој нема свое ја, кој никогаш не застанал да ги брани националните интереси. Тој е претседател кој изјави дека апостолот на македонското револуционерно движење Гоце Делчев се декларирал како Бугарин и во исто време се борел за самостојна македонска држава.

Народот во Македонија може да бира помеѓу седум кандидати за претседател, но само еден од нив знае, умее да се справи со сите предизвици. Тоа е професорката Гордана Силјановска Давкова, кандидатката за претседател на државата од ВМРО ДПМНЕ. која како пратеник во Собранието на  Македонија ги штитеше националните интереси.

Се повеќе прогресивни сили кои сакаат да се симне оваа ненародна власт на ДУИ и СДС ја поддржуваат кандидатката за претседател на државата професорката Гордана Силјановска Давкова и лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Кон овие сили се приклучуваат и албанските партии од опозицијата кои  веќе не можат да ја издржат тиранијата на ДУИ.

По најавите на опозицијата дека по преземањето на власта поединци од ДУИ и СДС ќе одговараат пред законот за криминал, како и од можноста за обнова на Хашките случаеви, раководството на ДУИ  почна да се заканува. На преставувањето на нивниот кандидат за претседател на државата Бујар Османи, плоштадот Македонија во Скопје беше исполнет со албански знамиња, а Али Ахмети му порача на Христијан Мицкоски да не си ја бара бељата.

Проевропејците, како што милуваат да се преставуваат, т.н. борци за човекови права, поранешните припадници на УЧК, а сега на ДУИ, со неистакнување на македонско знаме, на плоштадот Македонија, покажаа дека не само поедини градови туку цела Македонија ја сметаат за плен од 2001 година, дека не почитуваат закони, што сакаат можат да прават и дека нема лесно да ја напуштат власта..

Ова не е порака само до Христијан Мицкоски и коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ, туку и закана до сите прогресивни сили кои бараат промени. Тоа е порака и до сите оние Албанци кои сакаат промени, мир, владеење на правото и соживот со Македонците, Власите, Турците, Ромите, Србите, Бошњаците и другите етнички заедници во земјата.

Но, овие пораки наместо страв, кај наследниците на Илинденци и АСНОМ-ците стануваат мотив за обединување, мотив да излезе на избори и да се отфрли скоро 7 годишната окупациска власт на ДУИ и нивните слуги СДС. Доста народот стенка под оваа криминална власт.  

Македонскиот народ треба да престане со делење. Време е за македонско национално единство, на кое повика Христијан Мицкоски. Само со заеднички сили на коалицијата предводена од ВМРО ДПМЕ, партиите Левица и ЗНАМ, како и албанската опозиција, ќе може да се собори оваа криминална власт.

ДУИ и СДС седум години ја распродаваа и пљачкосуваа земјата. За седум години тие ги поткопаа столбовите на  државата, Нема сфера од општествениот живот која не е урнисана и во која не го вметнаа вирусот на корупција и криминал. Зафатени се извршната, законодавната и судската власт, а го инфицираа сериозно здраството, образованието, економијата и т.н.. Пред болеста народот бегаше, се иселуваше од земјата, оставајќи неа да ја черечат мршојадците.

Но Македонија е вечна, таа секогаш има доволно синови и ќерки, кои без разлика на возраста, етничката и верска припадност се способни да ја одбранат од грабливците. Треба само да се сплотиме и сите заедно Македонци, Албанци, Турци, Роми, Власи, Срби, Бошњаци и др. да ја вратиме државата во свои раце. Време е да ја направиме земјата подобро место за сите и време е да го осветлиме образот на нашите претци, да им кажеме дека не биле залудни нивните жртви за создавање на независна и суверена држава на македонскиот народ.

Мајка Македонија е разочарана од своите деца изроди кои седум години го разграбуваат и распродаваат имотот. Таа е свесна дека ако сега народот не застане во одбрана на земјата, тој ќе ја изгуби државата. Затоа Македонија ги повикува своите верни синови и ќерки да ја заштитат македонската земја, македонската држава и нејзиното културно наследство.

Македонија ги повикува Македонците, Албанците, Турците, Ромите, Србите Власите, Бошњаците и сите други да излезат на избори и да го дадат својот глас за промени гласајки за Бр.2.

Само така Македонија ќе стане пристојно место за живеење и Македонија ќе биде повторно горда.

1ulu2

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.