|
|
Александар Џеповски: Македонија мора да победи на овие избори |
Александар Џеповски Неспособни ставаат на одговорни позиции, со купени дипломи стануваат директори, а учените млади луѓе си одат надвор од Македонија, ова за жал е моменталната состојба во Македонија од седумгодишното владеење на ДУИ и нивните измеќари од СДС. Дилеми нема и не треба да има, овие избори мора да го покажат гласот, револтот и вистинската слика на секој еден поединец и граѓанин на Македонија а воедно и на сите Македонци низ целиот свет. Со сила дојдената антимакедонска влада на СДС - ДУИ преку Калето и западните паразити си ги покажаа роговите од самиот почеток и се докажа како инструмент за уништување и бришење на Македонија и Македонецот. Најголем парадокс е фактот што секоја една нација и држава се гордее со своето минато и историја но тоа и се забранувала и се уште се забранува на Македонија а се спроведува преку измеќарите од насилната влада и и вршење наредби на дипстејтот. Доколку има правда овие изроди не само што катастрофално ќе изгубат туку и ќе бидат вечно избришани како партии и на неславни ликови во Македонија кои за пусти евра и ставија и лепенка Северна. Економијата е сведена на најниско ниво а народот нема ни вода во очи, само тешки минуси од кои се диши само на шкрги. ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата на овие избори заедно со народот, ќе се избори за историски најголемата победа во историјата на самостојна Македонија. Оваа победа нека биде победа за сите нас без разлика на вера и нација. Оваа победа нека биде победа за подобра иднина на Македонија Оваа победа нека биде против иселување на младите. Оваа победа нека биде победа на доброто против злото. Зато браќа и сестри во Македонија и дијаспората, Ве повикувам масовно да излеземе на гласање и да гласаме за Бр.2 и да ја спасиле Македонија од оваа аздисана влада, која последниве седум години осем корупција и распродажба на националните интереси, ништо корисно не сработија. Да веруваме на Бога кој мора да најде начин ОВИЕ ИЗБОРИ ДА СЕ ОГЛЕДАЛО И РЕАЛНОСТ НА МАКЕДОНЕЦОТ, И СЕКОЈ ЕДЕН ЖИТЕЛ ВО МАКЕДОНИЈА. АМИН! |