Среда, 08 Мај 2024   
ГОРДОСТ ШТО НЕ ПАЃА ПРЕД МУДРОСТА

1Marija Kukubajska Марија Емилија Кукубајска

Од грда, од грешна гордост потекнува падот, губи гордоста пред мудроста. Не е исто лажни ликови да глумат гордост, без достоинство, без отворена, искрени добродетел, и кон моќни и кон немоќни.  Лажно важните, и сопствени деца фрлат од планински врвови ако гордоста им е лудост, моќ за незаслужен плен. Лажно важните, народ тужат и казнуваат кај Врховното Зло. Причина? Народот   бил горд и бранел свои куќи, ниви, природа... се’ што му одземале од историски наследства. Мудра не е таа гордост. Народот усвет да фаќаат од тиранија, а тираните, намесници на болни души, со грешна гордост, безмилосно прават пари и партија, разјадена, разградена држава на хартија, и не.   

Не смее да важи веќе „Каде има век ќе има и лек“. Во спротивното е вистината: Каде народот  создаде лек ќе има и век за тие што издржале со надеж, и векувале за слобода и мир. Таквите градители со горди гради градат, работат на чесна човечност, иако непризнавани од нечестивите.

Штити се, народе, од маси и места каде зад грб ти бодат клинови - грабливите полу змии-полу стии. Препознавај ги, пред да те свлечат во нивни фонтани, фатаморгани, оази од единството... за да нема спас за љубовта кон секого, за да те довалкаат вулкани под течна Кора изобразена. Да не

Стане предоцна, народе... Отворено пламнат е ненаситниот ад што те колне со јад и бес. За тој рудник/темна сила, земјата била само негова ексклузивна бела вила. Таму се раѓале одродени од вистината, љубовници без љубов, јавачи на безбожна апокалипса - да стигнат до врски со светски подиум без ум, со луда песна и вештачки фит-тело без здраво, умно, достоинствено гордо дело.

Луѓе мои, доста до сега ве газеше сечија крваво-каллива чизма, и ве лазеше нечија изместена совест и ве крадеше, јадеше, крадеше - таа нивна стрвна страст, се’ што е ваше, од ум, до имот, до друм, до патишта кон иднината. Со оѕверена радост пеат за колежи и силувања, и се смеат на вас невините, праведните. Не даваат да писнете, за да свиснете прегорите како босилек запален во храм на нивниот арам. Доста кралство на анти-човечно ривалство и лажни богови. Време е за единствениот Бог, бескрајната мудрост, човечниот човекот со свето срце. И овој народ знае за себе, како и сите свесни. Доста шпионите носеа венци на власт и без милост забрануваа сјајни гордости. Немаат тие вечно право - народ и историја да бришат по своја нарачана меморија, по учењата на МракСисти, Мрсолиниевци и западнати кодошки и кокошки со лажно златни јајца. Предавникот, анти-македонецот, снемува права и слободи да отпишува македонска историја.

Секој некого чека. Но, не секој заслужува да дочека. Некој сам си го труе благословот. И птиците бегаат од отровни стреи. И огнот сам се гасне задавен во воздух без воздух, без дух. За разорните секоја граница е отворена - се’ до пеколот играат тие со беснило за моќ, и наредуваат: „Немој веќе да  пишуваш за лозата твоја, тоа ти е поза што за туѓите „познавачи“ значи непризнаен идентитет“.  Но, и после се’, народе добар, народе горд, сонувај и гради македонски градови на гордоста, знаеш да вклучуваш правда за сите, осознавање со љубов и кон зависниците од пари, промоции, престиж и комоции, пир без мир. Вештачките магови со нивните магии сепак ќе загубат сила против крила на слободите и правата. Од сите страни е увидено веќе: Македонија не е цвеќе на злото, туку на рајот.

Доста беше таа холограмски холокауст, трофеј за грдите, гнасните. Тие ангели и’ силуваа, во кошмар-комар присилуваа владеење, сеење метални комарци, ѕверчиња вештачки. Но, народот, од поточиња, до езерца, до реки и океани – веќе се брани.

Да сме збрани за обнова на гордата земја, труена, запустена, за води одведени во подземја, за воздух од небата истиснат. За свет оган во нас.  

432706599 1614109015992102 6231942759736074674 n copy

 

На прво место

News image

Христијан Мицкоски му ја честита победата на Трамп

Во мое лично име и во име на граѓаните, упатувам срдечни честитки до претседателот

Историја

News image

Македонија од Цар Самоил до Османлиското владеење од 500 години

Македонија отсекогаш била желба на многу освојувачи, водени од желба за власт и војна. Востанија кои...

Иселеници

News image

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА РОДНАТА ЗЕМЈА НА СТИВ ПЉАКАС – ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (11)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

News image

Манастир „Свети Димитрија“ Велес е изградена во 14-от век

На околу два километри јужно од градот на самиот излез на Велес се наоѓа познатиот велешки манастир ...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.