Среда, 29 Мај 2024   
Ламбе Арнаудов: Каде си Кацарска да апсиш “терористи“ матуранти вечерва?

1Lam1 copy

Ламбе Арнаудов

Токму вечерва враќајќи се дома, долу на паркингот од “Рагуза“, стотици матуранти ја прославуваа својата полнолетност. Вчера од Струмица се вратија светците, патрони на македонштината, КОМИТИТЕ пеејќи ја песната “Заветна“. Пристигнаа и војводата Мики Секулоски и војвотката Андријана Петрушовска кои на најголемото и најгледано балканско тв шоу пееја македонски патриотски песни со најмакедонска иконографија и костимографија.

Според твоето мизерно разбирање на правдата, толкување на праведноста и искривоколченото чувство за отсуство за секаков вид патриотизам, ти вечерва имаше ретка прилика повторно да се прославиш, да се потврдиш како суверен заштитник на идиотизмот наспроти логичноста и околностите што ги создава народот за себе, а против таквите како вас неколкумина.

Што чекаш? АПСИ! Според тебе сé е антиуставно и антизаконски и што е најсмешно антидржавнички.

“Доказите“ беа тука на лице место, неколку стотици развиорени знамиња со шеснаесеткракото  сонце, десетина чифта народна, изворна македонска музика и песни, одекнуваше во изведба на традиционалните македонски инструменти, зурли тапани, со “непријателска“ содржина на текстовите во кои доминираа зборовите МАКЕДОНИЈА, МАКЕДОНЦИ и епитетите како МАКЕДОНСКИ, МАКЕДОНСКО, МАКЕДОНСКА, но и добро познатите, кои се однесуваат на вас: душмани, предавници, одроди, семе отровно...

Топло ти препорачувам и те охрабрувам уште вечерва, обезбеди неколку стотици налози за апсење, собери ги, затвори ги, росата на МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, цветот на отпорот, украсот на непокорот, бисерот на идните поколенија.

Затри го нашиот род, ајде уште еднаш покажи го твојот злосторнички поход кон сé што е МАКЕДОНСКО. Потврди го својот заслужен статус на непомирлив борец против своите.

И, по теркот што ти го воведе во правосудството и го патентира во заводот за патенти во Женева со што го задржуваш правото на ексклузивниот личен твој, за саат два собери пороти од дивјаци исти како тебе и како што практикуваш кога судиш патриоти и родољуби со судење од по 15-16 часови на ден, реши ги децава и дај им сега не 211 години туку дваесет и една илјада години, за попрегледно 21000 години.

Тоа за тебе не е ништо. Тоа е нормално. Далеку си од постигнување на личен рекорд кога судиш по наредба во замена за привилегии, погодности, комоции, но и најмилото за тебе-истурање на злоба врз сопствениот народ.

320661803Зацрни семејства, фрли незаслужени дамки на чистите образи на УСТАВОБРАНИТЕЛИТЕ, ТИЕ чмајат, децата растат, бебињата станаа основци, основците средношколци и студенти, а нивните сироти родители благодарение на твојот гнев, бес и одмаздољубие не се израдуваа.

Главно, една безумно невина бремена мајка затвори, остави бебиња без доилки. Каде ти беше разумот, без апсолутно никаков доказ, со местенки и импровизирани однапред подготвени инкриминирачки искази што ти ги конструира, самата на себе си ги испорача и самата ти си ги прифати за крунски и несоборливи докази, против кои ОДБРАНАТА НА НЕВИНИТЕ не можеше ништо.

Госпоѓо Кацарска, ако смеам така да те наречам? Ти си лошиот холестерол на македонското правосудство што трајно го обезличи и го стопира развојот на севкупното македонско општество.

 Сé е јасно, сé е видливо, доказите наскоро ќе ги видиш, свиркачите од твоето опкружување и тоа најблиско свират ли свират на сите инструменти.

Еве ти последна шанса делумно да ја исплакниш твојата нечиста совест со тоа што лажните докази против УСТАВОБРАНИТЕЛИТЕ покај сé и сврти ги тие докази кон себе како вистински за правдата и барем делумно да се избавиш кај несреќниците под неурамнотежена сабја што ги искасапи нивните основи и човекови и уставни права.

Сега, гледам многу си се исплашила. Загрозена си била.

Од цртежи, ситни мурали и вербални напади. Самата ги имаш исконструирано. Убеден сум  дека нема човек во МАКЕДОНИЈА кој не е засегнат од твоите неправди, ама уште повеќе гарантирам дека не постои човек кој би те загрозил. Не измислувај непријатели. Ти, знам, немаш пријатели, имаш само наредбодавци, но се колнам немаш непријатели.

Ти си толку бедна во својот генетски код и празна душа што не заслужуваш дури ни НЕПРИЈАТЕЛИ:

Пардон, имаш еден непријател многу силен и голем, непобедлив, од НЕГО сигурно ќе бидеш тешко поразена и уништена. Не труди се да го бараш, познат е на сите и името му го знаеме сите, се вика Добрила Кацарска.

Проклетството на совеста ќе те прегази. За тоа, за жал, нема лек. А, и тој непријател не може никој да го затвори, притвори или осуди, па дури ни ти најславната во оваа професија. Има ИМУНИТЕТ.

Што мислевте? Ќе ги поминете злосторствата низ оџак, низ црнила, низ темнина...

Ах, гревчиња тешки... колку сте назад од чалгијата.

НАПРЕД ГОРДА МЛАДОСТ МАКЕДОНСКА !!!

 

На прво место

News image

Каранфилова Пановска работеше да го донесе Заев на власт, кој на Македонија му ги направи најголемите национални предавс

Со партиската игранка од пред некој ден, СДС само потврди дека со неа сè уште раководи Зоран Заев ...

Историја

News image

Балканскиот пакт од 1953

Балканскиот пакт од 1953 година (официјално: Спогодбата за пријателство и соработка) е договор потпи...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО КАИРО – ПРЕСТОЛНИНАТА НА ДРЕВЕН ЕГИПЕТ (9)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Фељтон

News image

НЕДА ЛОЗАНОВСКА – ПОЗНАТА ПОЕТЕСА ОД ТОРОНТО (29)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.