Среда, 19 Јуни 2024   
ТАКСА ЗА ПОСЕТА НА ШАР ПЛАНИНА

1martin1 copy copy copy copy copy copy copyМ-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор

1. Владата што замина (во моментов кога го пишувам прилогов мандатарот за состав на нова влада Христијан Мицкоски веќе го презентира составот на новата влада на РМ) ќе остане запаметена по пустошот што го остави зад себе на политичко, економско, но и на сите други полиња, но не успеа да го уништи духот на народот којшто на изборите си го кажа своето! За мене особено интересна индивидуа за која сакам да напишам збор-два е лицето Бујар Османи - хирург по професија, кој функцијата министер за надворешни работи ја (зло)употреби за себепромоција, но и по тоа што сe застапуваше за интересите на некои наши соседи, наместо за интересите на земјата која го плаќаше - Република Македонија!

  Многу простор ќе ни треба да ја сумираме работата на овој млад, но нагласено етноцентричен интелектуалец кој етничкото (албанското) му беше во прв план, наместо државните интереси на земјата (РМ) што ја претставуваше. Тој нагласено вложуваше напори да  го промовира каде ќе стигне Косово, а не се либеше да презентира ставови спротивно на интересите на државата! Па како да му се заборави на Бујара дека наместо да ги следи ставовите шефицата (според Уставот) на македонската дипломатија - Претседателката на државата Проф. д-р Гордана Силјановска Давкова, тој отворено застана во одбрана на грчките ставови по прашањето на можнпоста приватно да се користи вековното име на државата и нацијата - Македонија и Македонци. Според него, демек Грчката страна била во право, и таа наводно ги исполнила својот дел од обврските од Преспанскиот договор кога го дигнала ветото за членство на Македонија во НАТО,  а таа  имала полно право кога реагирала на (не)примената на принципот "ерга омнес" (едно име и за по надвор и за домашна употреба), на што се обврзала според капитулантскиот Договор од Преспа. Ви се верува ли какво предавство на национаалните интереси на Македонија стори ексминистерот Османи!?

  Лицето Бујар Османи ги погази пред заминување и правилата за неименување на дипломати во преодниот период до именување на новата влада со тоа што потпиша решенија на петнаесетина дипломати во МНР за нивно распоредување во мисии во странство, на што следеа бројни реакции дека тоа не смее да го прави! Последниот "бисер" на Бујара се лекциите (!)  што јавно ги одржа на новата влада дека, според него, не смеело да се говори за "македонска дипломатија", туку за "дипломатија на Република Македонија"

  Не знам дали ваквите ставови потекнуваат од село Зајас,  од каде до сега беше изворот на  речиси сите политички ставови на Демократската партија за интеграција /ДУИ/, чиј потпретседател е Бујар Османи, или од друг центар /Мала Речица, на пример/, но мислам дека со новата констелација на власт во РМакдонија такви и слични  н е м а  да поминуваат!?

2. Националниот Парк "Шар планина" соопшти дека во иднина ќе наплаќа на секое моторно возило од 150 до 450 денари кое ќе го посетува паркот за да се намалело загадувањето со издувни гасови. Одлуката не важела за месното население, но нејасно е дали ќе важи за сопствениците на викендички, рекреативци и друг вид посетители на овој популарен националнниот парк.

   Оваа одлука е без преседан бидејќи дефинитивно негативно ќе се одрази на посетеноста на националниот парк Шара! 

  Имам посетено многу национални паркови од Австралија, ширум Скандинавија па се до Северна Америка но насекаде гледаш  настојувања националните паркови да се отвораат што е можно повеќе и да нудат привлечни содржини за посетителите. Нашата Шара од секогаш била магнет за посетители, особено зиме, но се повеќе има ентузијасти кои и во топлите месеци одат за да уживаат во прекрасните пеисажи. Но сега, по воведувањето на такса за возилото (за пешаци и велосипедисти не се наплаќало), тврдам дека бројот на посетители драстично ќе се намали.

  Наплатата на такса за возила во националниот парк Шар планина сметам дека е без преседан не само во Македонија (во Републиката имаме уште неколку национални паркови: НП Маврово, НП Галичица, НП Пелистер) и мислам дека е поупатно надлежните што донесле одлука за воведување на такса за возила, да се посветат на хигиената во паркот, за уредување на повеќе паркинг простор, а не да ги одбиваат посетителите до дополнителни издатоци за влез со моторно возило.

   На сакам да бидам скептик, но нешто од внатре ми говори дека во спорната мерка може да има и политичка димензија. Велам може. Но не исклучувам таква можност бидејки сонот за некакви вештачки територијални творби сеуште е присутен во главите кај некои наши сожители пред се од западниот дел на Републиката.

 

На прво место

News image

Каранфилова Пановска работеше да го донесе Заев на власт, кој на Македонија му ги направи најголемите национални предавс

Со партиската игранка од пред некој ден, СДС само потврди дека со неа сè уште раководи Зоран Заев ...

Историја

News image

Балканскиот пакт од 1953

Балканскиот пакт од 1953 година (официјално: Спогодбата за пријателство и соработка) е договор потпи...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО КАИРО – ПРЕСТОЛНИНАТА НА ДРЕВЕН ЕГИПЕТ (9)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Фељтон

News image

НЕДА ЛОЗАНОВСКА – ПОЗНАТА ПОЕТЕСА ОД ТОРОНТО (29)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.