Среда, 03 Јули 2024   
Македонска нација: Софија и Атина не можат да се помират дека постои македонскиот народ - сопственикот на македонската земја

DOOM - Kongres 2 copy copy copy copy copy copy copy copy

Македонското срце е големо, полно со љубов и отворено за соработка со сите соседи

Бугарскиот претседател Румен Радев неодамна ќе изјави дека најголемиот страв на политичката класа во Македонија  е да го препознае самото постоење на зборовите „Бугарин“ и „бугарски“. Меѓутоа, тоа повеќе би одговарало за бугарските и грчките политичари кои се плашат од зборовите Македонец и македонски. Иначе како би се толкувало од нивна страна негирањето на македонскиот народ, неговиот јазик, историја  и култура.

По повеќе од еден век од Балканските војни и Мировниот договор во Букурешт во 1913 година, со кој е поделена македонската територија, Софија и Атина не можат да се помират дека сеуште постои македонскиот народ - сопственикот на македонската земја.

И двете држави се плашат од зборовите Македонец и македонски и се обидуваат по секоја цена да го избришат ова име од картата на Европа. Тие сакаат да му го одземат правото на Македонецот на неговото вековно име, историја, култура и јазик, за да му го избришат сопственичкото право врз македонската територија, која била окупирана за време на Балканските војни (1912 - 1913).

Истовремено одредени сили, кои сакаат да присвојат дел од македонската територија, се обидуваат македонската држава, единственото парче слободна територија, да го поделат на принципот од Втората светска војна: Бугарска окупациона зона и италијанска или албанска окупациона зона.

Не е ни малку случаен пописот во Албанија каде за прв пат се појавува бугарско малцинство кое е чатири пати поголемо отколку што се Македонците. Тоа е поголемо и од бројката на Бугарите во Македонија. Сето тоа е последица од договорите и заканите со вето кон Албанија, како и заканите кон Македонците ако не се попишат како Бугари.

Сепак голем дел од вината за резултатите од пописот во Албанија ја има и претходната влада предводена од СДС и ДУИ кои и покрај најавените активности на бугарската влада со прст не мрднаа да го заштитат Македонците во Албанија.

Од осамостојувањето на Македонија во 1991 година,  македонскиот народ се соочува со уцени, блокади, закани за дестабилизација на земјата, како и закани за вето за влез во ЕУ. Иако е ова надвор од сите права и принципи, меѓународната заедница го дозволувува однесувањето на Атина и Софија,  што е отворен повик за лешинарите.

Но без разлика на сите шеми, стратегии да се уништи македонскиот народ,  Македонецот нема да се покори. А секое негирање на македонскиот народ и неговата држава го нарушува мирот на Балканот и Европа.

И покрај се, сите можат да го крстат македонскиот народ како што сакаат, но тој ќе си остане како што со векови јасно кажувал дека „не се ниту Срби, ни Бугари, ни Грци, туку Македонци“.

Сепак, македонското срце, без разлика на се низ што поминало, е големо, полно со љубов и отворено за соработка со сите соседи. Македонецот само  сака да биде оставен на мир, да не биде негиран и самостојно да си го организира својот живот во својата земја. Само со слобода на Македонија и признавање на македонскиот народ ќе има мир на Балканот и мир во Европа.

 

На прво место

News image

Не отворањето истрага против Артан Груби ја покажува спрегата на ДУИ и СДС со правосудството

Македонскиот судско обвинителски систем во спрега со политиката од минатата владејачка гарнитура. ...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Култура и туризам

News image

Црско (Мало и Големо)

Од сите легенди и преданија за настанокот на селото и неговото име што се задржале во колективното п...

Фељтон

News image

Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ ПОЗНАТ МАКЕДОНЕЦ И ПРИЗНАТ ХИРУРГ (1)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II.

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.