Среда, 04 Септември 2024   
Бугарија повторно го прави Балканот „буре барут“

DOOM - Kongres 2 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Македонска наџија

77 години од Бледскиот договор

Изминаа 77 години од Бледскиот договор. На 1 август 1947 година во Блед, Словенија се потпиша меѓу Југославија и Бугарија т.н Бледски договор или договор Тито – Димитров, со кој се предвидува: вклучување на Пиринска Македонија во составот на федеративна Југославија како дел од Федеративна Народна Република Македонија (Вардарска Македонија); откажување на Југославија од западната периферија и нивно враќање на границите на Бугарија; укинување на визите меѓу двете земји, и создавање на царинска унија. Согласно овој план, официјално беше дозволена Културната автономија на Пиринска Македонија.

Бледскиот договор меѓу ФНРЈ и Република Бугарија го отвори патот за идно обединување на двете држави во нова т.н. Балканска федеративна Република (создавање на балканска унија, пред ЕСЗ, денешна ЕУ). Јосип Броз Тито и Георги Димитров сакаа да го претворат некогашното „буре барут“ - Балканот во зона на мир и социјален напредок. Тоа беше пример за тоа како е возможен мирен соживот меѓу земјите и народите кои беа во непријателство во минатото.

На преговорите во Блед, делегациите се договорија за мерките што треба да ги преземе владата на Република Бугарија за да ги обезбеди правата на Македонците во Пиринска Македонија за нивниот слободен национален, економски и културен развој и воопшто на односите на Бугарија кон НР Македонија.

Во текот на преговорите, владата на ФНРЈ во протоколот на конференцијата во Блед навела дека се откажала од 25 милиони долари, на име воена оштета, кои според мировниот договор требаше да ги плати Република Бугарија на ФНРЈ.

Но и покрај тоа, по расколот на Тито со Сталин во летото 1948 година, кога Информбирото ја засили својата кампања против ФНРЈ, владата на Република Бугарија следејќи го СССР еднострано го откажа Договорот за пријателство, соработка и взаемна помош на 1 октомври 1949 година и сите други договори, освен одлуката за простување на воените штети.

Седумдесет години потоа, сега самостојна Македонија не успеа да ги заштити своите интереси. На 1 август 2017 години во Скопје премиерите на Република Бугарија и Република Македонија Бојко Борисов и Зоран Заев, потпишаа Договор за пријателство, добрососедство и соработка, со кој се предвидува:

Создавање на Заедничка мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања; заеднички прослави на личности и заеднички настани во историјата;

Бугарија и Македонија немаат и нема да имаат територијални претензии една против друга;

Бугарија и Македонија се обврзуваат да преземат ефективни мерки против злонамерната пропаганда.

Заедно со потпишувањето на договорот беа потпишани и два меморандуми: Меморандум за разбирање за развој на железничките врски меѓу Софија и Скопје и Меморандум за соработка во областа на природниот гас.

Потпишувањето на Доворот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија која до 1945 година не признава постоење на македонски народ, јазик, култура и историја, не го прифати македонскиот народ.

Актуелната власт предводена од ВМРО ДПМНЕ, зад која стои мнозинството на македонски народ, сега бара промена на преговарачката рамка. Но за властите во Софија, како што се посочува во соопштението од бугарското МНР: „е неприфатлива искажаната намера на Р Македонија да не се придржува до меѓународните обврски и потпишаните договори. Ваквиот став е некомпатибилен со напредокот на европскиот пат. Остава сериозна загриженост дека во својата политика кон Бугарите и Бугарија, актуелната влада во Скопје ризикува да биде заробена од догмите на едно минато време, отфрлена од сите демократски општества. Бугарската позиција е јасно наведена во Одлуката на Народното собрание од 24 јуни 2022 година, поддржана од сите политички сили. Тоа е израз на волјата на бугарските граѓани да ја поддржат Р Македонија во процесот на исполнување на критериумите за членство во ЕУ, под услов соседната земја да се придржува до највисоките стандарди во областа на човековите права и да ги исполни меѓународните обврски преземени во добро вера. Оваа позиција на национално ниво нема да се менува“

Меѓутоа, Бугарија која самата го нема испочитувано Договорот од Блед од 1947 година и која во последно време не ги почитува 14 пресуди од Стразбур за кршење на правата на Македонците во Бугарија, нема морално право да и држи лекции на  Македонија.

Од друга страна, иако е членка на НАТО и ЕУ, со спречувањето на пристапните преговори на Македонија за влез во ЕУ, Бугарија изгледа како повторно да работи во интерес на Москва и повторно го прави Балканот „буре барут“.  

 

На прво место

News image

Каранфилова Пановска работеше да го донесе Заев на власт, кој на Македонија му ги направи најголемите национални предавс

Со партиската игранка од пред некој ден, СДС само потврди дека со неа сè уште раководи Зоран Заев ...

Историја

News image

Балканскиот пакт од 1953

Балканскиот пакт од 1953 година (официјално: Спогодбата за пријателство и соработка) е договор потпи...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО КАИРО – ПРЕСТОЛНИНАТА НА ДРЕВЕН ЕГИПЕТ (9)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Фељтон

News image

НЕДА ЛОЗАНОВСКА – ПОЗНАТА ПОЕТЕСА ОД ТОРОНТО (29)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.