|
|
ПОЛИТИЧКА БУРА ЗА МАКЕДОНИЈА |
М-р Мартин Треневски, Поранешен министер и амбасадор Македонија, ни крива ни должна, се наоѓа среде политичка бура од поголеми размери, а повод се (како и досега) соседите кои до денес не се задоволија со пленот што го уграбија по Балканските војни и нејзината поделба со Букурешкиот договор 1913 година. И не само тоа, јакне односoт кон нас од позиции на патронатство (небари заштитници) и дрскоста да ни делат лекции и критики, како од ракав. Најнови се неприфатливите критики на претседателката на Собранието на Албанија Спирополи кон Уставниот суд на РМ за укинување на "балансерот" - алатка со која требаше да се гарантира правична застапеност на малцинствата во администрација и институциите, но вистинска бура предизвика во Македонија неистакнувањето на државното знаме при фотографирањето на Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова со бугарскиот претседател Румен Радев! За тој чин немам дилеми дека се работи за однапред смислено подло подметнување! Настанот се случи пред големиот државен грб на Бугарија, со истакнато бугарско знаме, а во присуство на Радев изантиски подло наместената Претседателка на Македонија Несомнена!!! Композиција што недвојбено асоцира демек на Санстефанска Бугарија. Од друга страна во Бугарија повод за бурни и не многу пристојни реакции беа ставовите на новото политичко и државно раководство во Македонија, како и најавите на "политика на невиткање кичма" и неприфаќање по секоја цена барања од соседите, спротивни на интересита на нашата земја. Ваквиот став предизвика бурни реакции во Бугараја која до сега од Заевци и Ковачевци беше навикната нашата земја да прифаќа буквално се што ќе побараат (бугарите) не водејки сметка за чувствата на сопствениот (Македонскиот) народ. Новата влада во Скопје го смени и составот на фамозната 'Историска' комисија кој во преговорите до сега беше толку попустлива, што дозволи нашите најголеми светињи: Цар Самуил, Кирил и Методиј, Илинденското востание.... заедно да ги славиме, со други зборови да ги делиме (!) со Бугарите. Срашно! Новата реторика од Скопје и други слични пројави предизвикаа бес во Софија каде речиси нема партија а да не реагира со анимален излиов на бес. Следеа изјави дека новите политичари биле "млади и неискусни", но и барања да се прекинат контактите на сите нивоа со македонски политичари и како и предлози за оставка од потпретседателот на Владата на Македонија Александар Николовски за неговите заклучоци дека соседите се мешаат во нашите внатрешни работи!? Најгласни беа оној фамозен Каракачанов (еден бивш потсекретар во Македонското МВР своевремено соопшти дека Каракачанов кога студирал во Скопје бил врбуван од УДБА и постанал нејзин соработник!), но посeбен случај секако е лицето Бојко Борисов кој побара прекин на комуникациите на сите нивоа и оставка на потпретседателот на владата Александар Николовски. Народецот наш рекол:"За да критикуваш некого треба самиот да имаш чист образ", па затоа ќе се обидам за потсетување да го претставам ликот на Бојко Борисов. Дотичниот беше личен телохранител на еден од најголемите диктатори во дваесетиот век Тодор Живков. По воведувањето на плурализмот во Бугарија формира партија и неколку пати беше дури и премиер, што говори и за менталниот склоп на тој народ (тоталистички) и какво лице избираат за лидер. А за неговиот морален лик доволно говорат следнве податоци: - Бугарски медиуми објавија дека Б. Борисов "тежи' 3,2 милијарди долари; - неговата ќерка која студира во Калифорнија, возела Бугати вајрон, а основна верзија на тоа ауто е 3,5 милиони долари (не ќе да се заработени од плата!?), - во негово време како премиер се ликвидирани над 120 директори и врвни менаџери под форма на "борба против криминалот и корупоцијата"!? - Своевремено беше објавена фотографија како Б.Борисов како лежи полугол, со пиштол до него и златни прачки, но и купче евра, а партнерката од таа сеанса која ја објави фотографијата после еден месец ја најдоа мртва со скршен врат на еден остров во Грција, Е, тоа е моралниот лик на Бојко Борисов кој отворено се меша во внатрешните работи на нашата земја и дели лекции на нашето државно раководство. Патем, нормализирање на добрососедските односи е еден од условите за прием во Европската Унија, но тој усков може да е спроведлив во Скандинавија, а тешко да се спроведе во пракса во овој наш Балкан! 2. Минатата недела почина синот на историскиот Методи Андонов Ченто, Илија Ченто. Бевме заедно во првата - Експерста влада (1991-1992) на независна Македонија. Беше мирен , прекраесн човек. Знаеше понекогаш да проговори за малтретирањата што ги доживувала фамилијата од злогласната УДБА по смрта на неговиот татко Методи Андонов Ченто. Бев со сопругата на последото испраќање на Илија. Но нешто што не можам да разберам, ни да се помирам е што на последното испраќање освем семејството, имаше многу малку луѓе. Илија не беше партиски определен, но во срцето длабоко го носеше ВМРО! Зото никој од Партијата, освем мене и сопругата, не дојде барем да положи цвеќе - не знам, но не е во ре! Не е!!! 3. Член на делегацијата што ја предводеше Претседателката Проф. д-р Гордана Сиљановска-Дафкова при посетата на САД беше тукушто именуваниот директор на Директоратоит за мултилатерала во МНР, амбасадор кој во една прилика се претставуваше како амбасадор на Азербејџан, а не на Македорија која го праќа и плаќа!!! Јавно го повикувам Министерството за надворешни работи да објави: дали дотичниот магистрирал, кога и каде магистрирал и на која тема, и кога докторирал, каде, и на која тема му е докторатот. Сметам дека јавноста треба да ги знае овие податоци за да нема забуни околу неговото именување! |