|
|
ЛАЖЛИВАТА ЕУ ПРОДОЛЖУВА ДА СЕ МАЈТАПИ СО МАКЕДОНИЈА |
М-р Мартин Треневски, Поранешен министер и амбасадор Европската комисија одлучи неодамна да ги раздвои Македонија и Албанија зза почеток на преговорите за ќленство во ЕУ со тоа што Албанија продолжува на долгиот пат да преговора за членство, а кутратата Македонија по неброените жртви што ги направи и внатрешните реформи - по кој знае кој пат повторно е во чекалната,
Ова садистичко изживување на официјален Брисел кон нашата земја не би ме зачудијо доколку не станува збор за непочитување на сопствените критериуми и предуслови (Копенхагеншките критериуми) што Македонија потполно ги исполнува, но сега работата, т.е. условувањето е сведено на промена на Уставот на Македоонија и вметнување на бугарите во преамбулата на Уставот.
Дека ЕУ не признава принципи и норми што самата ги донесува, туку се е сведено на гола политика и интереси, ќе илустрирам со еден очигледен пример. Пред неколку години истата таа Комисија донесе став дека Македонија треба да ги отпочне преговорите за членство, а Холандија се спротивстави и Албанија да започне преговори заради високиот криминал, корупција и произвдство на дрога. На холандскиот став се спротивстави Италија која инсистираше: или двете зенји (Македонија и Албанија) истовремено ќе започнат преговори, или ниедна!? Сега, за жал, кога се наметна ставот само Албанија да започне преговори, Холандија ја замолчеа останатите членки, а "пријателска" Италија ја немаше овој пат така категорички да се завземе за нашата земја како што го стори тоа своевремено за Албанија!? Коментар сметам дека не е потребен.
Еве уште еден доказ: на Македонија и беше ветено дека доколку го смени името (!) како награда од Брисел ќе следи отворање на процесот на преговорите! Но и на ова се спротивстави кој, друг, ако не Франција, измислувајки некакви си кластери!? Германската канцеларка Ангела Меркел специјално отпатува во Париз да го убедува Макрон дека ЕУ мора да го испочитува ветеното, но Макрон (Франција) остана на стандардниот антимакедонски став!
2. Ширум Македонија, но и во дијаспората, беше одбележан 11 Октомври, Денот на востанието на македонскиот народ. Дома, во земјата, на многу манифестации се изредија некакви "наследници на традициите на борците во НОБ", но освем претседателот на Соузот на борците г. Никола Стојановски кој навистина ја заслужува титулата Борец во НОБ, (тој има преку 100 години), наследници ретко да има. Се е сведено на поранешни офицери, бивши полицајци и поединци кои сеуште се гребат на привилегиите што таа организација по инерција од минатото ги нуди.
Во предвечерието од последните избори направивме обид да се сретнеме како политичка партија и да разговараме за состојбите и иднината на СБМ, но беше одбивано, за на крајот да понудат средба со претседателот на Градскиот одбој. Понизивачким нема што.
Тие самопрогласени "наследници" треба да сватат дека времињата се променија и сега имаме вистински борци кои се бореа за Македонија на разни фронтови дома и ширум светот, и на кои секако им е место во боречката порганизација. Што побргу сватат тоа во СБМ - то подобро за сите!!!
СОЈУЗОТ НА БОРЦИТЕ ТРЕБА ДА СЕ ТРАНСФОРМИРА ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА СЛЕДБЕНИЦИТЕ НА ТРАДИЦИИТЕ ОД НОБ И В О Е Н И В Е Т Е Р А Н И!!!
3. Заврши враќањето на железната ограда околу комплексот на Владата на Македонија што беше отстранета по наредба на Премиерот од Муртино Зоран Заев. Оградата повеќе како украс отколку било што друго, на споменатиот Заев му пречела, бидејки сакал да има "непосреден контакт со народот".
Трошоцците за железната ограда околу Владата кога се поставуваше беа проценети на 700.000 евра. Сега со постоечките цени ценам дека таа чини до милион евра народни пари. Предлагам актиуелната влада да му испрати сметка од еден милион евра на лицето ЗЗ и да го плати трошокот што го направи заради негов хир и Муртински бесотилок.
4. Четвртава точка е за рубриката верувале - или не! На шести октомври во поштенското сандаче најдов дури две (2) покани од Собранието на РМ, со потпис од претседателот Африм Гаши за приемот по повод годишнината од референдумот. Едната покана има печат со дотум дека е испратена на 26.08.2024, а втората носи датум 29.08.2024. Но проблемот лежи во фактот што и двете покани ги добив на 6.октомври 2024. Бидејки на ковертите нема марка, очигледно е дека се испратени по курир, што значи некој во Собраниеето продолжува со праксата "те канам за да не ми дојдиш"!!!
Очигледни се настојувањата за тој историски датум (8.9 1991) важноста да се даде на Собранието, но и во оваа прилика ќе нагласам: Референдумот за независност го организираше ВЛАДАТА НА АКАД. д-р НИКОЛА КЉУСЕВ, а не Собранието. Колку за потсетување, тогашниот претседател на Собранието Стојан Андов и не се појави на референдумот и не гласаши за осамостојување на Македонија!!!
Не ми е јасно зошто Институтот на национална историја, МАНУ и други научни институции не се ангажираат да се откријат и појаснат фактите за овој многу ваќен историски датум!? |