|
|
КАЛИОПИ, МАКЕДОНСКА АРЕТА ФРЕНКЛИН |
М-р Мартин Треневски, Поранешем министер и амбасадор 1. Скопје изминатиов викенд живна како вистинска културна/музичка метропола. Во салата "Борис Трајковски", по повеќе години апстиненција, неповторлив настап имаше нашата музичка ѕвезда Калиопи, во салата "Јане Сандански" настапи српската фолк-ѕвезда Карлеуша, а во Македонската филхармонија концерт одржа популарното словенечко "Трио Лука Шестак". И што е најважно, сите три концерти беа масовно посетени, што е потврда дека скопската и македонска публика е жедна за вакви музички хепенинзи. Беше прекрасно чувството, на пример, да се гледаат долги колони посетители кои стрпливо чекаа на секој од трите влеза во салата "Борис Трајковски" за да уживаат во настапот на нашата поп ѕвезда Калиопи. Но, не би бил доследен себеси ако не упатам неколку отровни стрелички и во оваа прилика. Секако не на Калиопи, бидејки таа со своите гласовни можности, богат репертоар, вонредна кондиција и интерпретација навистина приреди незаборавно доживување. Според мене, доколку Калиопи пее на англиски јазик, не ќе и беа рамни ни Арета Френклин, па ни Тина Тарнер! Стреличката што ја споменувам се однесува на фактот што Калиопи нема настапено во Скопје повеќе години, а причина за тоа е што претходната анационална власт која не сакаше манифестации на патриотизам што зрачи низ секоја песна од репертоарот на Калиони, и од секој збор што со страст таа го посветува на Македонија и на верната македонска публика. Е токму тоа им пречеше на Заевци, Ковачевци и семето на злото што го посеаа маѓу нас Македонците во изминативе седум години. Патем, да се запрашаме што стана и со прекрасната група "Љубојна" и ним слични на кои им беа затворени вратите за настап бидејки интерпретираат македонски п а т р и о т с к и песни. А само за потсетување, во злогласниот изминат седумгодишен период имавме министер за култура кој се сликаше гол, друг министер кој праќаше театарски групи дури во Јужна Америка и министерка која финансираше проекти на својата шнајдерка! Верувам дека овие грди времиња се зад нас - еднаш за секогаш! 2. Новата демократска и патриотска власт направи многу кадровски измени од остатоците од поранешниот криминален режим на СДСМ и ДУИ. Но се чудам зошто до сега не чувме за смена на раководството на Државниот завод за стасистика - извонредно важна институција на чие чело како претседател е кадар од СДСМ, а негов заменик е кадар од ДУИ? Токму тој Државен завод за статистика треба сега да обзнани колкави се реалните бројки на населението во Македонија, и особено колку изнесуваат бројките на малцинствата. Тој Завод треба да каже на македонската јавност како тоа иселеници од едно малцинство (конкретно од Швајцарија) беа вброени во вкупниот број и тоа како домородно население, а наши - македонски сонародници не беа вклучени!? Статистичките операции особено пописот на населението се од огромна важност и некој треба сериозно да одговара доколку со податоците се манипулирало, за што постојат огромни сомнежи. 3. Македонија е во агонија како последица на капитулацијата од Нивице, што особено се манифестира во застојот за почеток на преговори на нашата земја зачленство во ЕУ. Последиците од тој чин, како и фашизоидната преговарачка рамка што ни ја наметна како услов ЕУ за почетот на преговори се недогледливи, но мора да се обзнане дека цехот го плаќаме сите ние, а ќе го плаќаат и идните генерации, но некој за тој злостор ептен многу се офајди и профитира. На еден предизборен собир пролетва многу висок политички авторитет јавно кажа дека за промена на името на државата биле инвестирани (т.е. бил даден поткуп) од над 150 милиони евра, а само за прифаќање на грчкиот став за "ерга омнес" /име и за внатрешна употреба/ се дадени уште 30 милиони евра? Кој тоа давал, и што е најважно каде завршиле тие пари - не знам. Работа е на службите да се позанимаваат со овие прашања. 4. Веќе четврта недела чекам Министерството за надворешни работи јавно да соопшти кога магистрирал и кога докторирал, како и темите на магистратурата и докторатот на скоро именуваниот директор за мултилатерала во МНР. Мислам дека ќе биде интересно за пошироката јавност да ги дознаеме овие податоци. |