|
|
Македонија не смее да попушта |
ДУИ изгледа тешко го поднесува отсуството од власта, па нивниот лидер Али Ахмети испрати писма до високи меѓународни лидери (Албанија, Косово, ЕУ, САД, Франција, Германија) за заштита на Охридскиот договор и правата на Албанците во земјата. Во овие писма, Ахмети изразува загриженост за најновите политички и уставни случувања во земјата, кои според него ги загрозуваат принципите на еднаквост и стабилност и меѓуетничката хармонија..Вакво писмо испратил и до премиерот Христијан Мицкоски. Можноста Уставниот суд да го укине Законот за употреба на јазиците, како и одлуката на Уставниот суд за забрана на идентификацијата на етничката припадност на граѓаните во државните институции (укинувањето на балансерот), за Али Ахмети преставуваат серозна закана на мирот и стабилноста во земјата и на регионот во целина. Наведувањето дека ваквите причини можат да бидат закана за дестабилизација на земјата, за прествниците на власта прествува „политички популизам“, бидејќи минатата влада, во која беа преставниците на ДУИ, „во рамки на Националната стратегија од 2022 до 2030 година за реформи во јавната администрација исто така имаат донесено одлука и потврдиле дека балансерот бил предмет на злоупотреба и дека треба да биде укинат.“ Исто така, во 2021 година, додека ДУИ беше во власта, самиот Али Ахмети велеше дека Охридскиот договор е завршена работа, а националните теми се затворени. Откаде пак сега, откако ДУИ е во опозиција, повторно да се отвараат овие теми. Видливо е дека ДУИ не е научена да биде во опозиција и дека нејзините челници уплашени дека може да одговараат за своите постапки додека беа на власт, очајно бараат начин како повторно да бидат дел власта. Сепак, кога некој е очаен, можни е да преземе секакви чекори. Едноставно, не треба зборовите на Али Ахмети да се земаат како празни муабети. Македонските служби треба внимателно да следат и навремено да реагираат, а некој дури треба да даде отчет и за сутилната закана. Македонија не смее да попушта пред уцени. |