|
|
Македонија нема да умре; таа ќе живее, зошто судбината ја предодредила да изигра една голема и спасувачка улога во историјата на човештвото |
„Македонија, овој симбол на креативноста и борбеноста, оваа лулка на просветата, денес сè уште е срам за цивилизацијата. Таа е окована во тешки окови од нејзините грабливци соседи, кои наместо благодарност, признавање и сочуство за жртвите што ги дала пред олтарот за нивното ослободување, на секој можен начин се борат да ја задушат и да ја избришат од сеќавањето на историјата.“ Денес, овие соседи, сакаат единствениот слободен дел на кој е формирана македонската држава, да ја спречат да стане членка на ЕУ. Прво Грција, потоа Бугарија ,а утре и некој друг сосед ако стане член на ЕУ пред Македонија, ќе може да се заканува со вето за членството на земјата во ЕУ. А Брисел наместо да се држи до поставените критериуми, ги поддржува неправдите кои нејзините членки и ги нанесуваат на македонскиот народ и неговата држава. Овие соседи не се задовлни со фактот дека спротивно на вољата на македонскиот народ, македонската држава за да стане членка на ЕУ, меѓудругото го смени името, туку сакаат да ги пресечат сите корени на Македонците, оспорувајќи им го идентитетот, јазикот и културата. Сето ова покажува дека аспирациите кон територијата на Македонија, кои започнаа уште со формирањето на балканскте држави, сеуште постојат, иако земјата денес е членка на НАТО. Една од неспорните причини за неспроведување на идеалот на Македонците многу порано, пред Втората светска војна, да создадат своја држава, а денес да станат членка на ЕУ, меѓудругото е и надворешната политика на Бугарија, која е зацртана во остварувањето на сонот Сан – Стефанска Бугарија. Бугарија од своето ослободување во 1878 година па за жалење и до денес, и покрај сите неуспеси за време на Балканските и двете Светски војни, водејќи се од тој сон, водела една таква надворешна политика која не била ниту по материјалните средства, ниту по умствените сили, но ниту по желбите на својот народ. Бугарија постојано својот поглед го насочувала кон Македонија, но притоа без да води сметка за вистинските потреби на бугарскиот народ. Денес, Бугарија повторно се обидува да го оствари Сан – Стефанскиот сон, користејќи ја желбата на Македонија да стане членка на ЕУ. Со уцени за вето на патот Македонија кон ЕУ, денес Софија сака да го добие она што со оружје не успеала да направи за време на Балканските и двете Светски војни, Меѓутоа, нашите соседи, жестоко се лажат дека лесно ќе ја покорат Македонија. Тоа уште многу одамна им го порачал и македонскиот емигрант во Софија П. Х. Риндов, кој во својата анализа од 1923 година, ќе напише: „Но, овие несреќници жестоко се лажат. Македонија нема да умре; таа ќе живее, зошто судбината ја предодредила да изигра една голема и спасувачка улога во историјата на човештвото. Таа ќе стави крст на минатото, таа ќе ги изглади недоразбирањата на балканските народи и потпомогната во борбата за слобода и независност од потиснатите работни слоеви на балканските и европските општества, ќе го скрши отпорот на кралевите, благородниците, војводите и цицачите, за да даде можност на работникот на Балканот да живее... “ Со влегувањето на земјите од Западен Балкан во ЕУ, особено со членството на Македонија. ќе престанат сите аспирации и недоразбирања на балканските народи, што ќе овозможи мир и просперитет на соседните народи. |