|
|
СKOПЈЕ ЕВРОПСКИ ГРАД НА КУЛТУРАТА 2028 |
М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор 1.Некој рече дека Скопје ќе да ми ти бил еден од европските центри на културата во 2028. Убаво. Идејата е за поздравување. Арно ама, колку и да се радуваме на оваа идеја, истата истовремено и загрижува. Од каде да почнам? Несомнено Скопје има што да понуди на посетителите, особдено на оние од странство. Безбројни споменици од блиското, но и многу далечното минато, современа архитектура, особено објекти од програмата "Скопје 2014", но и традиционални објекти како што се старата чаршија /најголема од овој вид на Балканот/, археолошкиот локалитет Скупи, но тука е и неповторливиот кањон Матка, и други природни реткости. Да не ги заборавиме Операта, Национаалната филхармонија и секако Универзалната сала која пред некој месец изгоре до темел, иако и претходната, а и актуелната влада ветија дека до 2028 ќе ја обноват!? Убаво, нема што. Но нешто што ме загрижува а Бога ми и треба да не загришува сите нас е х и г и е н а т а и нечистотиите на секој чекој околу нас. Каде и да се свртиш по улиците и парковите наидуваш на конзерви за пијалоци, како и пластични шишиња расфрлани на сите страни, а за хартии и кутии од цигари и сл. да не зборуваме. Не знам што треба да се направи луѓево да ги сменат навиките и да се знае каде да се фрла отпад. А тоа не е голема филозофија. Големи метрополи многу едноставно го имаат решено проблемот со отпадот: пред се со медиумски кампањи за едуцирање на граѓаните, но и со едукативни кампањи - да се учат децата од предшколска возраст што каде треба да се фрли!? Големите метрополи обично се придружени со инсталации каде се селектира отпадот, материи од органско потекло се согоруваат и не само што се уништуваат, туку од нив се произведува топлотна енернергија и се остварува профит. Низ градот се поместени контејнери за пластика и стакло и од тој вид отпад - со нивната обработка, не само што се одстрануваат и се чистат од јавните простори, туку и се добиваат користи производи. Се разбира, секогаш при ваква помисла се испречува фактот пари, пари, пари! Тој фактор е незаобиколив, но и непремостлив. Подтојат на светов бројни фондации и институции што се спремни да финансираат /да кредитираат под поволни услови/ вакви проекти - само треба да се чукне на врата и да се побара. Впрочем, апликацијата за наше членство во ЕУ не е само хартиологија, туку овој аспект е многу важен за нашиот "кејс"! Кандидатурара за европски град на културата е деполнителен мотив да се посветиме сите на оваа тема бидејки тоа го правиме пред се за нас, за нашите деца и сите блиски. Никој нема да дојде од страна да ни ги исчисти улиците, парковите и јавните простори. Тоа треба да го сториме самите ние!!! Со еден збор, Скопје има што да им понуди на посетители но тоа треба да биде прифатливо /чисто/ во стилот на европските метрополи! |