Сабота, 16 Ноември 2024   
Ламбе Арнаудов: Пријателите на народот наспроти седумте гладни години на СДСМ

1Lam1 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Сé е полесно кога пријателите се тука. Пријателството е дар Господов и претставува флуиден и двонасочен однос со строго изразена лојалност и почитување од двете страни и јасно засекогаш потврдена верност.

Пријателството, ги достигнува највисоките дострели, тогаш кога е воспоставено помеѓу, од една страна политичарите, водачите, народните трибуни и лидери, со еден збор власта, а од другата страна, народот.

Од тука, секоја политичка партија, организација или поединец, најмногу грешат кога ќе тргнат да бараат доверба од народот (гласачот, граѓанинот) ветувајќи сé  и сешто. Притоа заради својата несигурност, неспособност и лицемерие, љубоморно би рекол недоветно бараат народот да биде нивни пријател користејќи го неговото пријателство само додека поминат изборите, без намера на подаденото пријателство да возвратат на начин што и тие се спремни да станат пријатели на народот.

Така понуденото пријателство е тешко кривоклетство веднаш препознатливо од мудриот народ кое не носи ништо добро никому освен на кривоклетнизите измамници.

Тогаш од позиција на сила власта станува горопадна, гази сé пред себе и од изневерениот народ прави непријател број еден.

Седумте гладни години поминати со СДСМ, според Теоријата на релативитетот на Ајнштајн, ни се  видоа ко 70 тешки години и сите посакуваме што побргу да заминат но не да се заборават за да не се повторат.

Не сум пророкот Мојсије да толкувам соништа како од сонот што значат седумте слаби крави што симболизираат седум гладни години.

Напротив сведок сум на едно време, расонет и буден до крај, па од тука познавајќи ги фараоните од СДСМ кои се генетски родени и создадени од ХАОСОТ, знаев што нé чека.

Оние кои ме читаат знаат дека точно пред 8 години во една колумна опишав сé што ќе ни се случи со НЕПРИЈАТЕЛИТЕ на народот организирани од група малигни елементи всадени во чесното здраво македонско ткиво, доцна дијагностицирани антиполитички криминални групи од видот на невладини здруженија, соросоиди, проклети предавници, тркачи на кратки патеки, многу спори, но благодарение на врзаните нозе на вистинските луѓе нé претркаа, го исмејуваа граѓанинот, го понижија МАКЕДОНЕЦОТ, го ограбија народот, ја излажаа меѓународната заедница, ги прегазија човековите права слободи и ги уништија честа и достоинството на ЧОВЕКОТ претворајќи го во биоробот, сиромав, зависен и прогонет.

Притоа бесрамно демонстрираа сила, заплашување, уцени, закани, погрешно мислејќи дека народот заборава, се опуштија во летаргични лелеајна на својот украден комодитет мислејќи ќе трае вечно.

И, тука доаѓа до дефект, флуидот е двонасочна улица, ама овие арамбаши го завзедоа цел пат за себе оти нели небаре тие го изградиле силно галопирајќи како диви коњи газејќи сé пред себе и сé така додека не си ги скршија главата и вратот (зошто кичма немаат) судирајќи се во најцврстиот бедем што некогаш е изграден од непробоен материјал, НАРОДОТ. МАКЕДОНСКИОТ НАРОД.

Тој, народот, го препозна и прифати за свој најдобар другар, верен пријател и вечен заштитник ВМРО-ДПМНЕ кој беше на првата линија на фронтот на одбрана, од кого се одбија,  треснаа на земја и политички исчезнаа. Убеден сум за на век.

ВМРО-ДПМНЕ, предводена од лидерот Христијан Мицкоски, сиот свој потенцијал, огромен капацитет на можности и знаења го стави како и секогаш во служба на својот народ. Народот поверува затоа што ПРИЈАТЕЛИТЕ НА НАРОДОТ од ВМРО-ДПМНЕ секогаш се со НЕГО и во добро и во зло.

Ова пријателство ќе трае додека има век и свет. Искрено е и честито, препознатливо чисто бисерно, отворено и чесно.

Пријателите на народот својата љубов безусловно ја подарија однапред, затоа што се сигурни дека за да заслужиш пријателство од неговото величество НАРОДОТ мораш прв да ја подадеш раката.

Раката што дава е секогаш горе, срцето чука во еден ритам со народот, душата се преселува и се спојува со своите, од каде што потекнува.

Македонски народе! ПРИЈАТЕЛИТЕ на НАРОДОТ од ВМРО-ДПМНЕ, вашите пријатели, се вечно со тебе, ТИЕ сé ќе ти дадат, а за возврат ништо не бараат.

 

На прво место

News image

Не отворањето истрага против Артан Груби ја покажува спрегата на ДУИ и СДС со правосудството

Македонскиот судско обвинителски систем во спрега со политиката од минатата владејачка гарнитура. ...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Култура и туризам

News image

Црско (Мало и Големо)

Од сите легенди и преданија за настанокот на селото и неговото име што се задржале во колективното п...

Фељтон

News image

Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ ПОЗНАТ МАКЕДОНЕЦ И ПРИЗНАТ ХИРУРГ (1)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II.

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.