|
|
2024 година беше година на промени |
На почетокот на мај оваа година ВМРО ДПМНЕ убедливо победи на парламентарните и претседателските избори. Тоа беше историска победа, победа на Македонија, со која се прекина седумгодишното коруптивно, криминално и неспособно владеење на СДС и ДУИ. По формирањето на новата влада, коалицијата ВМРО ДПМНЕ, ЗНАМ и Вреди, предводена од премиерот Христајан Мицкоски започна фуриозно да ги спроведува дел од 1198 проекти. По седум години владеење на СДС и ДУИ, со новата власт започна забрзана изградба на патишта, се покачија пензиите, платите во образование и здраството, се започна борба со високата корупција и криминалот. За само шест месеци се оправдаа очекувањета на народот кој им даде доверба, а признание им дадоа и оние кои на изборите не ни гласаа за нив. По половина година од од изборот на новата власт, порасна поддршката за владеечката ВМРО ДПМНЕ. Во последната анкета „Маркет вижн“ и „Мкд.мк“, за ВМРО ДПМНЕ би гласале 21.5%, за Вреди 5,5%, за ДУИ 5.4% и за СДС само 3,9%. Падот на довербата на СДС е драстичен и е резултат на нејзината не само неспособност да се справи со високата корупција и криминалот во земјата, туку што дозволи ДУИ и криминалци да управуваат со државата. Поранешните челници на власт сметаа дека се недопирливи и додека беа на власт правеа што сакаа. Но, откако новата власт почна да го открива криминалот во РЕК, Лотарија и др., некои почнаа да се закануваат со дестабилизација на земјата, а некои како глувци почнаа да бегаат од земјата. Избега „храбриот“ Артан Груби, поранешен прв вицепремиер и десна рака на Али Ахмети, кој месецов беше ставен со судијата Енвер Беџети на црната листа на САД. И екс директорот на ЕСМ ја напуштил државата, пред да биде отворен предметот „Адитив“. Исто така, новата власт започна и борба со крининалните групи, кои беа во спрега со одредени кругови од претходната власт. Спроведената акција во Арачиново и околината дадоа сериозни резултати, пронајдени се 14 гранати, ТНТ експлозив, автоматско оружје и други експлозиви, кои беа скриени под земја. Исто така, МВР откри и разби терористичка келија која организирала напади во земјава и регионот. Новата власт покажа дека неправи компромиси кога е во прашање борбата со корупцијата и криминалот, а ДУИ за да ги заштите одредени членови не прифаќа да биде во опозиција па постојано се заканува. Прво најави големи протести, па дестабилизација на земјата наводно заради остранување на балансерот и преиспитувањето на Законот за употреба на јазиците, а сега на традиционалниот новогодишен прием Али Ахмети вели ДУИ е ураган и дека не сакаат Македонците да бидат аги, Албанците нивни слуги. Според него, ќе биде пружен „невиден отпор“ со секој обид за промена на Законот за јазиците, истакнувајќи дека не сакаат конфликт. На челниците на ДУИ им смета реториката Македонија на Македонците. Неизглед е можеби несоодветен пример но ќе одговориме како албанскиот премиер Еди Рама по забраната на платформата Тик Ток и реакцијата на кинеската компанија Бејт Денс дека ќе побара „итно појаснување од албанската влада“. На тоа Еди Рама им порача „во Албанија одлуки донесуваат Албанците а не сопствениците на алгоритамот Тик Ток“. Ако во Албанија, која исто така е мултиетничка одлуки носат Албанците, тогаш и во Македонија одлуки носат Македонците заедно со другите заедници. 2024 година беше година на промени. Во текот на своето владеење, коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ успешно се справуваше со наследените проблеми. Се очекува со ова темпо да се продолжи и во идната година, кога Владата ќе ја чекаат нови предизвици. Со оглед на настаните во светот, ќе биде потребна и поддршка на опозицијата, која сама треба да се прочисти. Некои треба да заминат во пензија, а некои за извршените дела треба да ги заменат местата со осудените за „27 април“. Среќна Нова 2025 година |