|
|
| Александар Македонски Џеповски: Најкратката биографија на Исус Христос |
|
Исус се роди - навистина се роди со најкратката биографија за Исус. Големо внимание заслужува записот на Дејан Светислав Дојовски деновиве објавено на интернет. Денот на раѓање на Исус заслужува ваква кратка и слатка биграфија затоа што сите знаеме многу за Исус ама во кратки црти никој не го опишал така убаво. Еве и да проследиме сите. Најкратката биографија на Исус Христос Во 1954 година беше објавен конкурс за најкратка биографија на Исус Христос. Наградата ја доби текст од непознат автор (не го спомнал своето име). Наградениот труд бил објавен од американско списание кое било објавено на 12 јазици во 17 милиони примероци. Текстот гласи вака: „Еве еден млад човек кој е роден во непознато село, син на жена од село. Тој израснал во друго село. Работел во работилница за обработка на дрво до својата триесетта година. Потоа проповедал три години, посетувајќи села и градови. Никогаш не напиша ниту еднa буква. Тој никогаш не бил на ниту една политичка функција. Никогаш не поседувал куќа. Тој никогаш немал свое семејство. Тој не посетувал училиште. Никогаш не стапнал во метропола. Никогаш не мрднал повеќе од 300 километри од местото каде што е роден. Никогаш не правеше ништо од оние работи кои редовно ја следат величината. Тој немаше други документи освен себе. Дури и кога бил млад, јавното мислење заземало непријателски однос кон него. Неговите пријатели го оставија. Тој беше предаден на непријателите. Над него беше извршен некој го нарекуваат - процес. Бил распнат меѓу двајца разбојници. Додека умирал, неговите џелати фрлале ждрепка за да утврдат кој ќе го добие единственото нешто што го поседува: неговата волнена облека. Бил погребан во гроб што привремено му го дал лојален пријател. Оттогаш поминаа повеќе од деветнаесет века, а и денес тој е голема суперѕвезда која не знае за залез. Тој е на чело на секој напредок на човечки род. Без претерување, со мирна душа, тврдам: -дека сите војски што некогаш марширале низ светот, - дека сите флоти што некогаш биле вооружени, - дека сите парламенти што некогаш се состанале, - дека сите владетели што некогаш владееле на земјата; Дека сите тие заедно немале толку влијание врз земниот живот на човекот како ова - ЕДИНСТВЕНИОТ САМОТЕН ЖИВОТ“ СЕ НАДЕВАМЕ ДЕКА ВИ СЕ ДОПАДНА ОВА И ШТО Е НАЈВАЖНО МОЖЕМЕ ДА ВИДИМЕ ДЕКА ПРОСТО НЕ Е БУГАРИН И НЕМА НИКАКВА ВРСКА СО БУГАРИЈА. ТОА ШТО ОХРИД И ЈЕРУСАЛИМ СЕ ИДЕНТИЧНИ НЕКА МУ ЈА МИСЛАТ БУГАРИТЕ ЗАТОА ШТО БЕА ВО ТАТАРИСТАН ТОГАШ А ИСУС КАДЕ СЕ РОДИ И НЕ Е ТОЛКУ ВАЖНО КОЛКУ ШТО СИТЕ БОГОВИ СЕ РАЃАА ВО МАКЕДОНИЈА. ИСУС СЕ РОДИ - НАВИСТИНА СЕ РОДИ. АМИН !!! |















