|
|
| МАКЕДОНИЈА ЌЕ ЈА БИДЕ! |
|
Со поканата на Премиерот Христијан Мицкоски единствен лидер од Балканот на инаугурација на американскиот претседател Доналд Трамп, Америја јасно стави на знаење дека ја почитува нашава Библијска Македонија. Народов веќе доволно претрпе во сите овие години додека СДС и ДУИ водеа предавнички политки и катастрофално решаваа за неговата иднина! Истите Тие лажејќи и крадејки ги граѓаните, ги малтретираа и ги влечкаа на митинзи на шарени револуции,... ветувајќи им глупости, му потврдија на народов колку се неспособни и покажаа на дело дека не им било до просперитетна иднината на Македонија! Долго време се толерираа тие кои упорно работеа на тоа да не` нема, да ни го нарушат достоинството, гордоста и најлошо од се` со своите глупости ѝ го извалкаа името на Македонија. На народов, овој истиот што ќе го јадеа, што го крадеa, што со години го лажеа, го деградираа, предаваа, му го сменија името, на чиј грб градеа палати а денес возат скапи коли од со криминал искрадените пари, одат по одмори како да се шеици, ФАЛАМУ НА БОГА ИМ ДОЈДЕ КРАЈОТ И ЌЕ МОРА ДА ПЛАТАТ ЗА ТОА! Денес конечно имаме луѓе, вистински народни избраници кои се грижат за својот народ, кои работаат во интерес на Македонија за да ги исправат глупостите правени за време на владеењето на СДС и ДУИ и се борат секојдневно да го подобрат животот на сите граѓани во Македонија.
Конечно Тињата почна да паѓа надолу (за наша среќа) а бистрата вода си остана на површината! Оние што тргнале по грешниот пат слободно нека продолжат да се закопуваат се‘ подлабоко во живиот песок наречен пропаст. А за нас, воопшто нека не се тревожат. Македонија е конечно на прав пат, имаме Влада на чело со народен човек, прав борец за просперитетна иднина на државата. Премиерот на Македонија Проф. Др. Христијан Мицкоски, човекот кој за само шест месеци направи повеќе од било кој во овие триесет и пет години самостојна Македонија. Kонечно Македонија има Влада која ја води Македонија на прав пат и e посветена за доброто на сопствената држава и народ и конечно, Македонија ја врати на народот!
Од март 1946 до пролетта 1947 год, во Прилеп се фромира македонска револуционерна организација, со цел за крајно политичко обединување на Македонија, под покровителство на САД, од каде доаѓа и името, ВМРО-СДРМА (Самостојна Демократска Република Македонија под протекторат на Америка). И денес Македонија по сево ова што и се случува од понижувањето од СДС и ДУИ како и понижувањата од нашите соседи и ЕУ, има големи симпатии кон САД. Можеби не е време да се вратиме на старата идеја од пред 78 години да бидеме 51-та ѕвезда на американското знаме, денес треба да продолжиме да ја гледаме Америка како голем пријател и подржувач на Македонија. Со поканата на Премиерот Христијан Мицкоски единствен лидер од Балканот на инаугурацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, Америја јасно стави до знаење пред се на нашите соседи кои ја поделија Македонија и за антимакедонските политики на неколкумина ЕУ политичари и домашни неранимајковци од СДС и ДУИ, дека Америка на чело со Доналд Трам има добри намери и ја почитува нашава Библијска Македонија. Македонска нација испраќа искрени честитки за изборот на Доналд Трамп за Претседател на Соединетите Американски Држави. Македонија е наша обврска! Со Македонија имаме се', без Македонија губиме сите! Да живее Америка! Да живее Македонија!
|


















