|
|
Зошто СДС и ДУИ се толку вознемирени за присуството на Премиерот Мицкоски на инагурацијата на Доналд Трамп? |
Присуството на премиерот Мицкоски на инаугурацијата на Претседателот на САД Доналд Трамп, предизвика реакции од различни групи, во зависност од политичките и идеолошки интереси. Вознемиреноста главно произлегува од можноста овој настан да го зајакне имиџот на Премиерот што би ја ослабнало дополнително нивната и така катастрофална позиција. Присуството на Премиерот Христијан Мицкоски на овој важен настан беше причина да ја вознемири опозицијата, бидејќи се создава впечаток на силна меѓународна поддршка за актуелната влада и легитимитет на меѓународно ниво. СДС и ДУИ го гледаат ова и како начин Мицкоски уште повеќе да ја засили својата позиција дома и да добие поголема поддршка од клучни меѓународни влијателни партнери како што е САД. Овој настан за државава е многу значаен, бидејќи покажува дека Македонија сака да одржува добри односи со администрацијата на Трамп, во пресрет на политичките промени кои ќе се случуваат во Европа и светот. Македонија како членка на НАТО со присуството на Премиерот на инагурацијата ја потврди и владината посветеност на трансатлантските вредности и можност да разговара за безбедносни прашања од заеднички интерес. Во текот на овие средби било разговарано и за унапредување и продлабочување на билатералната соработка на полето на инвестициите и трговската размена. Исто така се разговарало и за потребата и заложбите за интеграцијата на нашата земја во ЕУ во функција на регионалната стабилност и безбедност. Разговорите со американски инвеститори или претставници на корпорации за време на вакви настани, може да отворат врати за странски директни инвестиции во Македонија. Овие средби во САД укажуваат дека новата американска администрација дава поддршка на политиката на Мицкоски и застанаа зад партијата која има визија и програми, но и најголема поддршка меѓу народот. И додека премиерот Христијан Мицкоски со својот тим гради и создава, го зголемува растот на македонската економија, раководството на СДС продолжува со својата деструктивна политика, како да сака да ја врати земјата во времето кога тие беа на власт, и се однесуваа како во нив да нема ништо македонско. Да се работи за Македонија е одговорност, одговорност на илјадници кои се бореле, а голем дел го дале животот за Македонија, тоа е одговорност и кон идните поколенија. Партиите се формираат да работаат во интерес за Македонија. Кој се нафатил да води политика, секогаш треба на прво место да го гледа интересот на граѓаните и Македонија. Мицкоски направи Македонија повторно да биде горда, како што ветуваше за време на предизборната кампања пред неколку месеци. |