Среда, 19 Февруари 2025   
Мане Јаковлески : Македонија Не’ колне да се освестиме, да ја искорениме Белата чума!

1Mane 4 copy copy copy copy copy copy copy copy

Во Минатото судбината на македонскиот народ беше решавана без негово учество, денес кога сите зборуваат за реконструкција на меѓународниот поредок, судбината е во наши раце.

Ниту еден народ не може да се надева на среќна иднина ако нема историско паметење, ако нема став за минатото, ако заборавил кој е и што е, ако нема изграден однос кон сегашноста и визија кон иднината.

Некој денес се обидува да не натера да заборавиме на нашата многувековна и тешка историја, да заборавиме на страдањата на нашите претци, да заборавиме на македонството.

Еве, ќе им порачаме: тоа никогаш нема да го дочекаат.

Македонија и Македонците имаат со што да се гордеат!

-Александар Македонски е тема која не само што инспирира, туку и поттикнува размислување за наследството што го оставил овој легендарен лидер на човештвото. Делата и вредностите што ги промовирал можат да се сметаат за негова духовна порака или Аманет до идните Македонски генерации.

Преку неговите походи, Александар покажува дека човечката волја и решителност можат да ги надминат сите пречки. Тој ги надминуваше границите на познатото, со цел да создаде нешто поголемо од самиот себе. Аманетот е јасен – не постојат граници за оние што веруваат во својата визија  и нема ништо невозможно за оној што ќе се осмели.

- 50 година по Христа Апостол Павле како пастир на Христијанството сакал да оди во Азија но како што се вели во Библијата и Новиот завет во "Делата апостолски 16.13 - " пишува: Преку ноќта на Павле му се јави привид: стоеше пред него еден човек, МАКЕДОНЕЦ, кој го молеше и му велеше: Прејди во МАКЕДОНИЈА и помогни ни! Павле тогаш доаѓа во Македонија и основа цркви, по градовите – Филипи, Бер, Стоби и Охрид, со што симболично и патот на Павле е во облик на голем крст над Македонија...

Првата покрстена на европско тло е Лидија Македонката. Таа е важна фигура во христијанската историја, бидејќи ја прифатила христијанската вера и го отворила свој дом за св. Апостол Павле и евангелистот Лука.

Светски истражувачи тврдат дека Апостол Лука е по потекло Македонец.

-Цар Самоил оставил аманет за стремежот на Македонците да се обединат и да создадат силна држава. Неговото наследство е симбол на национална гордост и отпор кон странски влијанија.

-Светите браќа Кирил и Методиј, заедно со нивните ученици Климент и Наум, го поставија темелот на писменоста и културниот идентитет на македонските простори. Нивната азбука и делата се аманет за зачувување на јазикот и културниот идентитет.

- На 2 август 1903 година, Илинденците преку својот подвиг за слобода, оставиле силна порака до идните генерации за храброст, солидарност и љубов кон татковината.

-На 2 август 1944 година во манастирот Прохор Пчински започна Првото заседание на АСНОМ. Ако со Крушевската  Република се поставија темелите на македонската држава, со Вториот Илинден македонскиот народ се стекна со ограничен суверенитет.

-8 септември 1991 година, е почетокот на Третиот Илинден, македонскиот народ на дел од целокупната територија на Македонија, доби целосен суверенитет. Но, Третиот Илинден сеуште не е завршен, тој сеуште трае и ќе трае се додека македонската држава не се обедини и македонскиот народ не заживее онаков среќен живот каков го заслужува по сите претрпени ропски маки.

Македонците денес живеат на сите четири територии на поделената Македонија, во Вардарска, Пиринска, Егејска Македонија и Албанија.

-Создавањето на независна Република Македонија во 1991 година е аманет на борбата на претходните генерации. Модерниот аманет е зачувување на суверенитетот, интегритетот и достоинството на македонскиот народ, како и економски развојот на државата.

Ако сакаме да се залечат раните на Македонија, треба да се обединиме во интерес на нашата заедничка Македонија, и да им го свртиме грбот на сите интриганти и среброљубци  што денес шират омраза и поделби меѓу Нас браќата од разни политички партии и вери.

-Македонци, останете во татковината и вложете го својот труд, ум и љубов за нејзиниот напредок. Ако животот ве одведе надвор од Македонија, не заборавајте од каде сте тргнале и придонесете за Македонија на свој начин.

-Македонскиот народ и кога бил под ропство, под окупација, под постојан терор и сиромаштија, се грижел да остави големо потомство. Нашите прадедовци и прабаби и во најцрните времиња на македонскиот народ имале по четири, пет и повеќе деца. Денес во слобода од година во година бројот на новородени деца станува се` помал.

Се потешко младите се одлучуваат да влезат во брачните води. Изговорите се разни: тешко време, нема работа, прво диплома, потоа добро платена работа, да се има кола и стан, да се прошета светот. Но годините си минуваат, додека се завртиш околу себе, тој поминал покрај тебе. Кога ќе сфатиш дека си останал сам, без дедо и баба, мама и тато, без пород, станува тешко.

Децата го исполнуваат живот со љубов и среќа, но и поддршка за да се надминат и најтешките моменти. Колку е семејството поголемо толку сте посилни, посреќни и помоќни да се справите со секакви пречки. Дајте да создадеме многудетни семејства, децата се нашето богатство. Дајте да ја исполниме оваа рајска земја со љубов и радост, со детски џагор и смеа.

Од друга страна, осамените без семјство, без да има кој да ја продолжи лозата, нема на кого да се обратат, да се потпрат, и постојано се изложени на разни ризици. Заради нивната себичност, кога ќе остарат ќе нема за нив кој да се грижи, нема кој да им подаде чаша вода кога ќе бидат беспомошни, нема кој да ги спомне, едноставно ќе бидат заборавени, а на нашето место ќе дојдат други со туѓи обичаи, традиција и култура, кои еден ден и гробовите ќе ни ги разурнат за да нема ниту глас ниту трага.

Зарем тоа го заслужува Македонија?.

Портите на Македонија се отворени за нејзините деца, зошто децата не се товар, туку богатство на едно семејство. Тие се наша иднина, наша надеж, наша поддршка и идни чувари на Македонија.

Младите не смеат да ја остават Македонија без нејзините заштитници. Македонија Не’ колне да се освестиме! Да ја искорениме Белата чума!

Со Македонија имаме се', без Македонија губиме сите!

 

На прво место

News image

Литванија – европска земја во која жените бараат маж „под дрво и камен“ во Македонија многу мажи остануваат неженети

Во делови од Европа, демографијата сè почесто станува и личен проблем. Во Литванија, на пример, ве...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ДЕЛ ОД КУЛТОТ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА ВО ТЕКОТ НА ПОВЕЌЕ ВЕКОВИ (8)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА ЗА МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ ВО СЛИВНИЦА ОД Д-Р ВЕРА СТОЈЧЕВСКА-АНТИЌ И С...

Фељтон

News image

УНГАРИЈА - ВТОРАТА ТАТКОВИНА НА ЛЕФТЕР МАНЧЕ (11)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.