|
|
| Венко, престани да се брукаш! |
|
Мане Јаковлески На 17 јуни 1990 година, во салата на Домот на млади „25 Мај“ во Скопје, беше формирана ВМРО-ДПМНЕ. Од говорницата јасно беше истакнато дека Македонија ќе има своја надворешна политика, македонски амбасадори, армија, сопствена валута, репрезентација во фудбал, кошарка, ракомет... дека ќе ги има сите обележја на една современа европска држава. Истовремено беше кажано дека Македонија ќе биде членка на НАТО и ЕУ – изјава што тогаш одекна како бомба. Некои медиуми во тоа време објавија дека се формира „фашистичка партија“ во Македонија, само затоа што ВМРО-ДПМНЕ се залагаше за самостојна држава на македонскиот народ и нејзино членство во ЕУ и НАТО. Од тогаш до денес, ВМРО-ДМНЕ за СДС беше: фашистичка, пробугарска, проруска, анти ЕУ, анти НАТО, анти Америка, а тие за жалење до денес не се сменија, тие беа и останаа партија која цело време работи против интересите на Македонија. По 35 години од создавањето на независна Македонија не им иде паметот, денес Венко Филипче со нова песна, денес, на прес конференија изјави: Македонија прифати да бидеме коспознори на американската резолуција. Венко, престани да се брукаш! Со твоите изјави не само што се срамиш себеси, туку ја брукаш и Македонија. Па нели за тебе и СДС, ВМРО-ДПМНЕ беше анти Америка?. Денес за тебе и тие околу тебе било грешка да се прифати резолуција предложена од нашиот стратешки партнер Соединетите Американски Држави? Бог да чува. Можеби Венко и неговата партија заборавиле што се случувало во минатото или мислат дека македонскиот народ има кусо паметење. Но фактите остануваат: од 1990 година до денес, ВМРО-ДПМНЕ секогаш се залагала за независност, интеграцијата и националните интереси на Македонија. Македонија, благодарение на антимакедонските политики на СДС, како држава што ги почитува сите национални заедници (Албанци, Срби, Турци, Власи, Бошњаци и други), потпиша договори со Грција за промена на името и со Бугарија за менување на историјата... Со тоа, на Македонците им беше ускратено правото да се изјаснуваат како Македонци, додека сите други можат слободно да го прават тоа. Ова не е ништо друго освен историска глупост и велепредавство. И додека СДСМ продолжува да ги игнорира потребите на македонските граѓани и продолжува со својата стара песна која ги носи кон понорот, ВМРО ДПМНЕ на чело со лидерот Христијан Мицкоски успешно ги реализира проектите и Македонија со крената глава чекори напред кон нови остварувања. Венко, престани да се брукаш! |















