|
|
| Заедно да ја градиме Македонија! |
|
Создавањето на независна Република Македонија во 1991 година е аманет на борбата на претходните генерации. Модерниот аманет е зачувување на суверенитетот, интегритетот и достоинството на македонскиот народ, како и економски развојот на државата. Македонија има богата историја, длабока култура, прекрасна природа и народ кој секогаш бил борбен и гостопримлив. Македонскиот јазик е уникатен и посебен, а литературата, музиката и уметноста се извори на инспирација. Од македонските ора и песни до автентичната храна како ајвар, тавче-гравче и макало. Македонците се познати по својата топлина, хуманост и борбен дух. Од Охридското Езеро и Матка, до Шар Планина и Пелистер – Македонија е природно богатство. Да се биде Македонец значи да се носи овој идентитет со чест, да се чува и негува културата и традицијата, но и да се работи за подобра иднина. Горди сме, но и одговорни – да ја чуваме Македонија за идните генерации! Македонија е повеќе од само земја – таа е наш дом, нашите корени, нашата историја и иднина! Денес, повеќе од кога било, нашата татковина има потреба од сите нас, од нашата енергија, знаење, труд и искуство. Од самиот почеток на повеќепартискиот систем и осамостојувањето на Македонија во 1991 година, во редовите на СДС имаше а и денес има политичари кои не сакаа(т) Македонците да имаат сопствена држава. Тие го убедуваа и сеуште го убедуваат народот дека Македонија нема да може сама да опстои како држава. Исто така, без око да им трепне, потпишаа историски најштетен договор, само и само да останат ден повеќе на власт за да спечалат уште некое евро. Изминаа повеќе 34 години од осамостојувањето и покрај предвидувањата на социјалдемократските политичари, Македонија покажа дека може да функционира како самостојна држава и покрај сите проблеми со кои се соочуваше (транзиција на општествениот во приватен капитал, затварање на фабриките, економски блокади, промена на уставното име, знаме и сл.). Македонскиот народ не се предаваше и не само што успеа да ги надмине проблемите, од кои голем дел беа вештачки наметнати, како од внатре така и од надвор, туку особено под раководство на ВМРО-ДПМНЕ, Македонија е на добар пат да стане лидер во регионот по својот економски развој и фактор на стабилност. Во меѓувреме, во текот на овие 34 години самостојна и суверена македонска држава, израснаа нови генерации, млади патриоти кои макотрпно работаат да ги попраат грешките од минатото и сакаат да ја видат својата држава како победува. Оваа генарација млади политичари тоа го може, зошто тоа го има во генот. Обединета околу македонската платформа може да каже стоп на поделбите на македонскиот народ, стоп на сите оние кои преку разнебитување на македонскиот народ сакаат да го избришат Македонскиот идентитет. Оваа влада на млади политичари предводена од Премиерот Христијан Мицкоски работи во интерес на Македонија, отвора нови работни места, привлекува странски инвестиции, гради патишта, автопати, железници,..го чува македонскиот идентитет, има соработка со држави кои се пријателски настроени кон Македонија, тесно соработува со нашиот стратешки партнер САД и кажува дека местото наше е да бидеме членка на ЕУ, но под еден услов: со крената глава и со зачуван идентитет. Браќа и сестри, ако сакаме да се залечат раните на Македонија од минатото, треба да се обединиме во интерес на нашата заедничка Македонија, и да им го свртиме грбот на сите домашни и надворешни интриганти и среброљубци што денес шират омраза и поделби меѓу Нас, Родот на Филип и Александар Македонски и не смееме да дозволиме повторно да ни го направат веќе виденото! Денес во слобода, од година во година бројот на новородени деца станува се` помал. Дајте да ја исполниме оваа рајска земја со љубов и радост, со детски џагор и смеа. Децата се наша иднина, наша надеж, наша поддршка и идни чувари на Македонија. |















