|
|
| Дали може да се живее без реклами? |
|
Гордана Димовска ВО СВЕТОТ НА РЕКЛАМИТЕ Во дамнешно време Египјаните користеле папирус за да ги пренесат своите рекламни пораки. Во античко време рекламните пораки биле изведувани со боење на камен и по ѕидовите. Денес не може да се замисли пласирање на производ, идеја, вест, кампањи без реклами. На секој чекор, во секој момент каде и да погледнеш, се заприметуваат рекламни табли, банери, звучни реклами, видео реклами, пораки на мобилните телефони. Дали ти требаат или не, не е важно, главно те товарат со реклами во случај да ти затреба или да те убедат во тоа што го пласираат. Се чини дека некому е од суштинско значење да го пробие својот пат во јавноста па не бира средства ни пари.На некои им помага да се збогатат и популаризираат, а некои да пропаднат. Секој вложува во промовирање а успешноста зависи од многу фактори меѓу кои најважни се конкуренцијата, ексклузивноста и понудениот квалитет. Според научниците, рекламирањето е желба за успех на одреден производ или стекнување на популарност. Сакале или не, рекламата го поттикнува, но и го тестира потрошувачот. Кога некој сака да купи нешто, размислува за потребата, трошоците, квалитетот, вредноста на самиот производ. Многу мал е бројот на луѓе кои не се афектирани односно не поверувале на телевизиските реклами. Всушност, на овој медиум најчесто се гледаат рекламни спотови без кои не можи да се замисли опстојувањето на самиот медиум. За само 30 секунди рекламен материјал, наплаќаат половина милион. Мулти милијарерските корпорации кои управуваат со телевизиските мрежи, не би можеле да бидат тоа што се, без телевизијата. А да се зборува за телевизија, невозможно е да не се спомене и рекламирањето. Овој медиум се користи и за инфомерцијал каде што се рекламира и купува инстантно на дадените телефонски линии.
Со појавата на интернетот во деведесеттите години рекламирањето доживеа вистински бум. Социјалните мрежи како еден нов флексибилен и ефтин начин на рекламирање и промовирање на идеи, кампањи. Но, во последниве години, потребни се повеќе напори за да се направи разлика каде рекламирањето запира и каде започнува реалноста. На многу начини, рекламите се одраз на светот кој се обидува да ги скрие своите проблеми од себе. Ова е точно и во начинот на кој тие ги прикажуваат несовршените производи и во нивниот ефект на замолчување на платформите кои го обликуваат начинот на кој ги гледаме работите - платформи кои се потпираат на долари од реклами за да преживеат. Резултатот е саниран, „пријателски за реклами“ свет, кој прикрива неправди и реални проблеми за да предизвика лажна, привремена состојба на удобност. A каков би бил животот без реклами? Непосредната придобивка од целосната забрана за рекламирање веројатно би била ја подобрила човековата благосостојба. Во свет во кој никој не би бил манипулиран да го посакува она што го немаат или да чувствува дека купувањето повеќе работи ќе ги направи среќни, луѓето можеби ќе бидат посмирени, скромни, и позадоволни со својот живот. Тие, исто така, би биле помалку расеани и би имале повеќе ментална спремност и фокусирање како резултат на тоа што повеќе нема да бидат мета на компании кои се обидуваат да го привлечат (и продадат) нивното внимание. Всушност, целата економија на внимание ќе испари, што ќе доведе до исчезнување на услугите, особено дигиталните услуги, кои се дизајнирани да создаваат зависност. Ова може да има потенцијално огромни придобивки не само во враќањето на времето на луѓето, туку и подобрување на менталното здравје. И додека се се врти околу милиони потрошени за реклами , во светот постојат 343 милиони гладни луѓе. Доколку барем мал дел од државните буџети се одвои за оваа сериозна појава , гладните , бездомни и настрадани луѓе би имале парче леб в рака и покрив на главата. Според статистиката на Светската здравствена организација, една третина од светот е исхранета, една третина недохранета, а една третина гладува.3 милијарди луѓе во светот се борат да преживеат со само 2 долари на ден. И како светот да се справи со овој сериозен проблем? Зборот глад, се уште го има истото значење – недостиг или немање на храна за луѓето да можат да водат активен и здрав живот. Сиромашните не располагаат со средства за задоволување на основни потреби додека богатите имаат се само не и свест да помогнат на загрозените. За Македонија постојат многу записи, стари фотографии од светски патеписци кои до ден денес зборуваат за нејзината историја, поделбите, штетно потпишани договри, културата, традиција, уметноста. Но сепак треба да сите да наоѓаат начини да ја промовираат сопствената земја, нејзината култура и традиција за таа да опстане и да се пренесе на следните генерации, со надеж со исправени проблеми и насоки за да биде видена и насочена по вистинстински патишта. На крајот завршувам со зборовите на Папата Бенедикт Шеснаесетти, “ За да се бориме и да ја победиме гладта важно е да ги редефинираме принципите, кои досега ги определуваа меѓународните односи. Тие треба да се засноваат на човековата солидарност и нејзиниот одредувачки принцип – љубовта“. Пишува: Гордана Димовска Колумнист Мелбурн, Австралија |















