|
|
| Жали цела Македонија |
|
Македонска нација Тагата на родителите што загубија дете е болка што не може да се измери, не може да се утеши, не може да се заборави. Во овие мрачни моменти, нашите срца се со вас – со сите што загубија свои најмили. Вашата болка е болка на сите нас во цела Македонија. Нека овие прекрасни души бидат запаметени по љубовта што ја носеа, по насмевките што ги даруваа, по светлината што ја ширеа. Животите што згаснаа прерано, во најубавите години од младоста, се загуба за цела Македонија и никој не може да ја надомести. На 16 март 2025 година, во ноќниот клуб „Пулс“ во Кочани избувна пожар за време на концерт на македонска хип-хоп група ДНК. Во моментот на пожарот, во клубот имало околу 500 луѓе – двојно повеќе од дозволениот капацитет. Во трагедијата се повредени вкупно 196 лица. Од нив 93 се наоѓаат на лекување во скопските клиники, а 80 се пренесени во болници во странство. Во пожарот во дискотеката животите ги загубија 59 млади. Нека почиваат во мир овие Македонски анѓели за кои жалат не само родителите, жали цела Македонија, жалат нашите соседи и многу други пријателски држави. |















