|
|
| Што се случува со сметките за електрична енергија |
|
Рубинчо Видое Јованоски Во последниов временски период универзалниот наплатувач на сметките за електрична енергија (ЕВН) со доцнење ги доставува истите до крајните корисници. Па така, домицилното население не по негова вина секој месец плаќа камата која за воља на вистината е мала (од приближно 10 до 50 денари по сметка). Но, ако се земе во предвид дека во Македонија има од 700 000 до 1 000 000 електрични броила се доаѓа до добра месечна заработка на име камата на австриската фирма (ЕВН). Во оваа прилика да анализираме една фактура на сметка за потрошена електрична енергија во денешни услови. Реална е првата ставка каде е фактуриран надоместокот за потрошена електрична енергија. Исто така, 4-та ставка каде се пресметува 18% ДДВ за потрошена електрична енергија и 5-та ставка која гласи комунална такса за јавно осветлување. Не е коректно од страна на ЕВН да ги фактурира 2-та и 3-та ставка во фактурата за плаќање на електрична енергија односно надоместок за пренос и дистрибуција на електрична енергија и надомест за пристап до електродистрибутивниот систем. Во оваа прилика како прилепчанец се прашувам дали овие две непотребни ставки можат да се употребат и во режиските трошоци за снабдување и дистрибуција на вода и одведување на сметот од домаќинствата. Тое ќе биде некоректно и не треба да биде ставено на дневен ред кај прилепските јавно комунални претпријатија за дистрибуција на вода и одведување на отпадот од домаќинствата и полевање на вода на јавни корисни површини. Сметките за електрична енергија во денешни услови се прават во три временски периоди во тековниот месец и тоа 10-ти, 20-ти и 30-ти. Во оваа прилика само да се потсетиме дека до 2004 година во сметките за потрошена електрична енергија на некогашното електростопанство на Македонија немаше 6 (шест) ставки за наплата, а извесен период се наплатуваше и радиодифузна такса. Но, што од сето тоа, кога на тогашната парламентарна говорница сегашната опозиција, а тогашна извршна власт ги убедуваше другите колеги неистомисленици дека со продажба на тогашното ЕСМ ќе тече мед и млеко и дека тој бизнис е бонбона. На крај во денешни услови не тече мед и млеко и нема бонбона бизнис него големи (читај) високи месечни сметки за плаќање на електрична енергија. Авторот е новинар и поранешен одбојкарски судија од Прилеп |















