|
|
| Болката за загубените животи во Кочани е болка за цела Македонија |
|
Пожарот во Кочани не е несреќен случај, туку резултат на децении немарност, институционален распад и партизација. И токму во момент кога системот конечно почнува да покажува знаци на будност, оние кои најмалку имаат кредибилитет, сега поставуваат прашања. А каде беа тие седум години? Оние што денес зборуваат за правда, молчеа за Ласкарци. За Беса Транс. За модуларната болница во Тетово. За десетици други трагедии каде единствено „виновни“ беа кабли, шасии и неименувани несреќи. Тогаш немаше ни оставки, ни притвори, ни одговорност. Обвинителството тогаш беше нем сведок, под целосна политичка команда. Да се потсетиме, актуелното обвинителство и судство се дел од истата мрежа од тефтерчињата на Заев и Ахмети. Таму не се вработуваше по заслуга, туку по партиска подобност. А сега, кога истите судии и обвинители конечно почнуваат да работаат професионално, СДС и ДУИ во паника се обидуваат да ја делегитимира нивната работа. Кога СДС и ДУИ зборуваат за селективна правда, должни се да одговорат кој беше одговорен за смртта на 14 пациенти во модуларната болница? Зошто немаше ни една оставка по трагедијата во Бугарија со автобусот на Беса Транс? Зошто обвинителството тогаш молчеше додека државата тонеше во корупција? Одговорот е јасен, затоа што сè беше под нивна контрола. Контрола што ја користеа не за правда, туку за грабеж. А денес, кога институциите конечно функционираат, министерот за Внатрешни работи и директорот на Бирото за јавна безбедност се под удар. Луѓе што 24/7, во координација со сите надлежни органи, професионално ја водат истрагата за пожарот во Кочани. И тоа е проблем за СДС и ДУИ? Зошто? Затоа што за првпат вистината излегува на виделина. Трагедиите во Кочани, Ласкарци, Беса Транс, Модуларната болница во Тетово,... не смее да останат без одговорност. Сите кои со своето несовесно и криминално постапување придонеле за овие ужасни настани, мора да понесат соодветна одговорност, институционална, политичка и морална. Трагедиите во Кочани, Ласкарци, Беса Транс, Модуларната болница во Тетово не смее да останат без одговорност. Одговорност мора да има! |















