|
|
| Александар Македонски Џеповски: Дојде време кога маските паѓаат |
|
Она што со години го зборувавме јавно или шепотејќи, денес станува очигледно. Дека не беше љубов. Дека не беа вредности. Дека целото тоа западно „братство“ беше бизнис план, добро спакуван во зборови како „демократија“, „слобода“ и „човекови права“. И дека целата таа машинерија, предводена од Лондон, Брисел и Берлин, со поддршка од еден дел на Вашингтон, гледаше на Македонија како на парче земја со ресурси, а не како на народ со душа. Но не сите на Запад се исти. Не е исто глобалистичката елита со отворени димови и затворени срца, и обичниот американски граѓанин кој се бори за своето семејство, за верата и за вистината. Постои една Америка која не ја гледате на CNN, Америка на Тексас, на Флорида, на Охајо. Америка што се моли на Бога и верува дека секој народ има право да биде свој на своето. Таа Америка е нашиот природен пријател. Таа Америка денес вели доста е! Доста е со војни за ресурси. Доста е со корумпирани амбасадори и невладини што шират срам, раздор и идеологии туѓи на секоја традиција. Доста е со Сорос и неговите платеници. Доста е со балкански проекти што завршуваат во швајцарски сметки. Сакаа да не’ убедат дека сме мали и безначајни. А вистината е сосема поинаква. Македонија е мала по територија, но богата со благослов. Под Алшар има минерали што го интересираат цел свет. Под Битола има нафта која може да биде стратешка резерва за следните сто години. Имаме вода, злато, стратегиска позиција, и најважното имаме вера, совест и срце. И што прават тие елити? Ни праќаат амбасадори што се мешаат во избори, што поставуваат премиери и рушат влади. Ни носат невладини што го трујат образованието и медиумите. Ни кажуваат како да се викаме, како да се чувствуваме, кој да ни биде пријател, а кој непријател. Но ние веќе не сме глуви и не сме слепи. Знаеме кој е вистинскиот пријател. И ако Америка таа вистинската, храбрата Америка сака сојузник кој не се поклонува на диктат, туку стои исправено еве нè! Македонија е тука. И Ние сме против глобалистите што ја срамат Америка. Нам ни требаат пријатели со карактер. Нам ни треба вистина. Нам ни треба Бог. Сè друго е илузија. Амин. |















