|
|
Власта почна да го одмотува клопчето на криминалното судство |
Со промената на извршната власт во нашата мила и низ векови напатена држава Република Македонија на чело со ВМРО ДПМНЕ и премиерот, проф. Д-р Христијан Мицкоски, заедно со коалиционите партнери, почна чекор по чекор да ги средува сите накалемени проблеми од претходната владина гарнитура а сегашна опозиција СДСМ во сите сфери од општественото живеење во финансиски опустошената држава. Во оваа прилика само да нагласиме дека сегашната опозиција на чело со СДСМ 7 години беше на власт и во секоја прилика најавуваше ветинг во судството. Но, за жал, тоа не го направи, напротив, следствено на тоа замижуваше за некои незаконски донесени судски одлуки. Еклатантен пример се судските ослуки донесени за крвавиот 27 април каде со член од кривичниот законик за злосторничко здружување и нарушување на уставниот поредок на државата беа осудени неколку лица со високи затворски казни. Иронијата да биде поголема со потпишување на преспанската спогодба за промена на името, тогашната владеачка гарнитура немаше доволен број на пратеници за да тоа решение од Преспа помине во законодавниот дом. Па без консултации на судската и јавнообвинителската фела обезбеди доволен број на пратеници (вкупно осум), за да гласаат за промена на името. Следствено на тоа тие личности добија големи привилегии и сигурно добро го набилдаа своето финансиско салдо и сега се слободни граѓани. Па така, неколку години наназад судството од повеќето странски правни експерти е оценто со оценка, доволен 2. Па така, кога премиерот Мицкоски одлучи да стави ред во судската фела беше фатен на дело судија како прима мито на лице место судскиот кривичен совет се крена на нозе кога извршната власт побара интерпелација на членови избрани во законодавниот дом од претходната владина гарнитура од една страна а државното јавно обвинителство се разбуди од зимскиот сон со барање на оставка на државниот јавен обвинител Љубомир Коцески. На крајот се прашувам како судските власти ги пуштија од раце личностите осудени за криминал Груби и Ковачевски? Како за рок од 5 минути Мијалков и Камчев извадија лични карти од друг град само да ја одлежат казната во отворениот дел на затворот во Струга? Како на предизвикувачот на сообраќаен прекршок со смртни последици, а со минати кривични дела против него, наместо затворска казна е испратен во казнено поправен дом? До каде е случајот со убиствата на Вања и Панчо? До каде е јавнообвинителскиот акт против вработени на онкологија? И на крајот се прашувам зошто не е определена притворска мерка за инволвираните во случајот Шутка? Клопчето почна да се одмотува но ќе видиме до каде ќе стигне да се одмота. Дипл. ЕКК Рубинчо Видое Јованоски Новинар и поранешен одбојкарски судија Од Прилеп |