|
|
Девет месеци надеж, работа и пресврт по цели седум години понижување |
Како Унија на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ, чувари на идеалите на македонската државност и борци за правда, чест и иднина, чувствуваме одговорност да ја кажеме вистината, јасно и гласно. СЕДУМ ГОДИНИ ВЛАДЕЕЊЕ НА СДС И ДУИ, СЕДУМ ГОДИНИ ГРАБЕЖ И ПРЕДАВСТВА Македонија во изминатите седум години беше претворена во приватна фирма на неколку олигарси, Економијата тонееше, јавниот долг надмина 60% од БДП, капиталните инвестиции останаа само на хартија, а народот преживуваше со минимални плати и рекордна инфлација. Здравствениот систем колабираше, Болници гореа, доктори масовно заминуваа, а пациентите чекаа за најосновна здравствена заштита. Образованието стана поле за политички експерименти. Учебници беа ветени, но никогаш не стигнаа до учениците. Националната срамота кулминираше со промената на името, откажувањето од историјата, молчење пред бугарските барања. Македонија беше газена, а раководствата на СДС и ДУИ молчеа, се поклонуваа и ја плачкаа Македонија. ДЕВЕТ МЕСЕЦИ ВЛАДЕЕЊЕ НА ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕМЕ НА ОБНОВА Од моментот кога ВМРО-ДПМНЕ ја презеде одговорноста, Македонија започна да дише. Се стабилизира буџетот, започнаа нови инвестиции, а капиталните проекти конечно почнаа да се реализираат. Македонија денес стои исправено. Не прифаќаме уставни измени под диктат. Не се откажуваме од идентитетот. Имаме достоинство, имаме славна-Библијска држава што мора да се брани. ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ – ПОЛИТИЧАР ОД ЗБОР Во политиката, времето е најсилниот сојузник или најголем непријател. Христијан Мицкоски тоа најдобро го покажа. Од преземањето на ВМРО-ДПМНЕ, соочен со скепса и притисоци, до денес како премиер на Република Македонија изоди долг но достоинствен пат. Ја презеде партијата во момент на пад, ја обедини, внесе нова енергија но и визија. Во време на капитулантската власт, беше гласот на отпорот. Но не застануваше само на критика, градел програми, идеи и тимови. ОДНОСОТ СО ВЕТЕРАНИТЕ ПРИМЕР ЗА ПРИНЦИПИЕЛНОСТ Христијан Мицкоски не е само политичар тој е човекот кој ја води битката за правда, ред и чест. Особено кон тие што најмногу дале за Македонија, Ветераните. Она што ние, ветераните, го препознавме во него е почитта не декларативна, туку суштинска. За разлика од други што не’ гледаа како симболика пред избори, Мицкоски не’ третира како темелот врз кој е изградено ВМРО-ДПМНЕ. Ние му ја дадовме довербата затоа што препознавме лидер кој нема да тргува со партијата, со државата, со вредностите. А тој ни возврати со внимание, дијалог и јасна определба, нема ВМРО-ДПМНЕ без нејзините борци, Основачите, Ветераните. Во време кога народот беше разочаран и предаден безброј пати, се појави лидер што не продава илузии туку работи, се бори и стои зад зборот. Христијан Мицкоски е човек кој не ги употребува зборовите како шминка, туку како обврска. И токму затоа Ветераните му веруваат, не затоа што се наивни, туку затоа што очајнички им треба некој кој ќе ја воведе правдата во оваа неправедна држава. Затоа Христијан Мицкоски, затоа ВМРО-ДПМНЕ, затоа просперитетна Македонија. Македонија повторно горда! |