|
|
Дали Европската Унија ја губи довербата во Мицкоски? |
Во последните месеци, сè почесто се поставува прашањето: дали Европската Унија ја губи довербата во премиерот Христијан Мицкоски? Одговорот е едноставен и јасен, НЕ, туку напротив: Унијата внимателно го следи процесот на обновата во Македонија и сè повеќе препознава еден нов политички курс, ослободен од сервилност и подаништво, и насочен кон вистински европски вредности. Европа не сака политичари што слепо потпишуваат и прифаќаат понижувачки ултиматуми, тоа го имаа од претходната власт. Токму таквиот однос на СДС и ДУИ доведе до разочараност и апатија кај македонските граѓани, а не однесувањето на актуелниот премиер. Христијан Мицкоски јасно и гласно стави до знаење: Македонија сака ЕУ, но со исправен грб и зачуван идентитет. Премиерот не е антиевропски политичар, тој е премиер кој знае што значи европски стандард, европска правда, европска демократија. Неговите чекори во борбата со корупцијата, расчистувањето на мафијашките структури во институциите и обновата на системот се токму она што ЕУ го бара. Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ покажува политичка волја, стабилност и сериозност. Важно е да се нагласи: Европската Унија не сака мафијаши. Не сака криминалци кои делеа македонски пасоши на меѓународни престапници. Не сака власт која изгради цел систем на организирана корупција, тендерска мафија, партиски вработувања и уништени институции. Таквата Македонија беше срам за Европа. ЕУ сака партнери, не послушници. Сака сојузници кои знаат што значи владеење на правото, почитување на човековите права и изградба на функционална, независна држава. А тоа е токму курсот на новата влада. Македонија конечно има шанса да покаже достоинствено лидерство и партнерство. И таа шанса не треба да се претвори во старото сценарио на подаништво, туку во ново европско лице, исправено, јасно, македонско. Европа не ја губи довербата, таа чека да види до каде ќе одиме со реформите. А Македонија веќе тргна по тој пат. |