|
|
Дали Гоце Делчев беше убиен од турскиот аскер или од врховистите? |
Александар Македонски Џеповски Едно е сигурно дека пред и после 4 мај 1903 турски аскер во Баница и околијата па дури и од Солун да Скопје - едноставно немало! Тоа време Турците се распоредуваа некаде према Анадолија и се подготвуваа за напад и одбрана од Македонското население, благодарение на информациите на врховистите и бугарскиот двор на чело со малоумниот Фердинанд. Истовремено сакаа што поголем број војници да бидат испратени во Македонија и според разузнувачките информации секој еден Македонец беше многу голема опасност со голема желба за конечно ослободување од Османлиите. Знаејќи дека немаше заптија ни за лек во Баница, Кукуш, Лерин и низ цела Беломорска Македонија, прашање е како можел Гоце да загине опколен од турски аскер кои едноставно тогаш ги немало? Но едно е сигурно дека Гоце беше убиен од врховистите од грб и се друго е само фарса со цел Бугарија да биде заштитена од нејзините нечисти игри и планови со цел да ја земат Македонија за себе. Не заборавајте дека Беломорска Македонија се уште не била под грчка окупација. Гоце Делчев бил и ќе биде само едно - Македонец. Ни тој ни било кој Македонец не може да има ама ни едно влакно процент со Кубрат, Омуртаг или Аспарух. ниту со Татарите или Монголите како народ. Неговото убиство беше со намера да се тргне од сцената каде тие врховистите сакаа да го забрзаат народот неподготвен да влезе во борба со Турците кои беа очигледно во фаза на распаѓање а на новокомпонираните земји Бугарија и Грција им требаше уште време да се подготват економски и морално да поседуваат територии од светата земја Македонија. ВИСТИНАТА Е ТАА КОЈА ИЗЛЕГУВА НА ВИДЕЛИНА КОГА ТОГАШ И ИМА ДА ИЗЛЕЗЕ КОГА ГОСПОД ЌЕ САКА И СО НАМЕРА. СЕ ДРУГО Е ПЕПЕЛ И ЧАД БЕЗ РАЧУН НА КРЧМАТА. АМИН !!! |