|
|
| 27 април не беше обид за тероризам, беше обид за спас на татковината! |
|
27 април симбол на неправда, прогон и политичка одмазда! Во темниот календар на македонската политичка историја, 27 април останува како крвава дамка на неправдата, прогоните и бруталната злоупотреба на правото. Денот кога народот влезе во Собранието, ден кога народниот гнев кулминираше против велепредавството на македонската кауза, беше денот кога режимот на СДС и ДУИ започна брутален прогон на патриотите. Денес, години подоцна, вистината сè повеќе излегува на виделина: 27 април не беше обид за тероризам, беше обид за спас на татковината! А оние што беа осудени, не беа терористи туку синови на народот, македонски бранители, луѓе што веруваа дека Македонија не смее да се продава со политички пазари и странски диктати. Системот што ги затвори не го бараше правото туку Опомена! Опомена со кој ќе се казни секоја идна мисла за отпор. Политички процеси беа монтирани, докази извртувани, сведоци уценувани. И наместо правда, добивме политички затвореници. Семејства распарчени, животи уништени, човечки судбини жртвувани на олтарот на т.н. "евроинтеграции". Ниедна држава што се нарекува демократска не смее да ги прогласува сопствените граѓани за терористи затоа што се спротивставиле на велепредавство. Народот не заборава! Осудените за 27 април заслужуваат правда, ревизија и слобода! Не како милост, туку како исправување на груба неволја што ја потресе правната држава. Тие се дел од битката за македонскиот опстанок и не смеат да останат заборавени. Нека 27 април биде опомена за тоа што се случува кога правото ќе падне под политичка чизма, но и симбол на непокорот, на борбата за вистина, за Македонија. Времето на политичките затвореници мора да заврши. Македонија не смее да затвора патриоти, туку да ги слави. Слободата за Уставобранителите е правда за Македонија!
|
















