|
|
| Македонија се враќа кај народот! |
|
Во последните денови, јавноста е сведок на повторно активирање на старите манипулативни тактики на СДС и ДУИ. Со подигната реторика и празни критики, тие ја обвинуваат Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ дека „не работи за народот“. Но дали токму тие кои го уништија народот, имаат доблест да зборуваат за народот? Народот не заборава! Во периодот 2017–2023, токму СДС и ДУИ ја имаа целосната власт во државата. Во тие седум години го направија следново: Преспанскиот договор (2018) – потпишан од Зоран Заев и Никос Коѕиас, без референдумска волја, со кој Македонија стана „Северна“, а македонскиот народ беше понижен со придавки и условен идентитет. Договорот со Бугарија (2017) – потпишан од Зоран Заев и Бојко Борисов, со кој се отворија вратите за бугарско негирање на македонскиот јазик, историја и идентитет. Цели седум години Македонија беше во канџите на најкорумпираната власт во поновата историја на државата. Владата предводена од СДС и ДУИ не остави институција што не ја заробија, не остави ресурс што не го опљачкаа, не остави закон што не го погазија. Сите граѓани на оваа земја беа сведоци како под мотото „европска иднина“, всушност се градел најмафијашкиот систем што работеше само за личен ќар и за заштита на криминалот. Случајот со пасошите за мафијаши стана симбол за распадот на државноста. Луѓе со меѓународни потерници добиваа македонски документи преку мрежа која се раководеше од високи структури во МВР под контрола на СДС и ДУИ. Таа афера не само што го оцрни угледот на Македонија, туку ја претвори државата во безбедносна закана. Фамозните тендери и грантови, поделени на „своите“ фирми, се мереа во стотици милиони евра, пари на граѓаните што завршија во приватни џебови. Од набавка на лекови, до инфраструктурни проекти и ИТ опрема, сè беше изговор за перење пари. Афера Рекет (2019) – во која главната обвинителка Катица Јанева, промовирана и поддржана од СДС, беше фатена како изнудува пари од бизнисмени. Тендерите на Венко Филипче, стотици милиони евра беа потрошени на сомнителни набавки на респиратори и вакцини, од кои многу не беа ни испорачани, а Филипче, денес со „златна виза“ во Дубаи, никогаш не одговори пред законот. Над 215.000 млади луѓе ја напуштија Македонија во тие седум години. Долгот на државата достигна рекордни 7 милијарди евра. Инфраструктурните проекти беа замрзнати, а нови не се ни започнаа... А денес? Владата на премиерот Христијан Мицкоски, која ја доби довербата на народот, започна со решителни чекори. Отвори инфраструктурни проекти како Коридорот 8, нови болници, детски градинки, училишта, обнова на патишта, нови автопати, гасен коридор, енергетски капацитети,... Приведе криминалци, иницира финансиски истраги и донесе законски измени за конфискација на нелегално стекнат имот. Затоа СДС и ДУИ се во паника. Затоа сакаат вонредни избори, да се спасат од правдата. Но народот знае. Народот не е повеќе нем сведок. Нивното време е веќе минато. Затоа, секоја споредба за работата на владата на СДС и ВМРО-ДПМНЕ е или израз на непознавање на реалноста, или свесен обид за релативизирање на огромните разлики меѓу уништувачите и обновителите на Македонија. Македонија конечно оди напред со чесни луѓе, со работа, со визија. Македонија се враќа кај народот! |















