|
|
| Жална Македонија што се мора да трпи |
|
Александар Македонски Џеповски Кога го слушам Али Ахмети како се занесува со неговите "вработувања по етнички клуч", не можам да не се сетам на стихот од песната на Биз Без: „Дал да плачам, ил да се смеам?“. Трагикомедија со швајцарски пензионер во главна улога, кој сè уште не разбрал дека вработувањето треба да се базира на знаење, компетентност и заслуги а не на национален попис или партиски договор. Денес, не се работи за создавање на држава на правдата, туку за пазари и зделки кој колку ќе добие и по која „квота“. Дали тоа е европската вредност што некои ја промовираат? Или е враќање во феудално племенско општество? Логиката по која „Албанецот треба да влезе затоа што е Албанец“, а не затоа што е најдобриот кандидат, е навреда за секој граѓанин, без разлика на националноста. А кога станува збор за Бугарите во Уставот, работите одат уште подалеку, парадокс до апсурд. Се запнале да бидат вметнати по секоја цена, како слеп за стап. Сите знаат и историјата, и картите, и народната меморија дека Бугарија како држава е создадена дури во 1878 година. Па каква иронија е тоа, пра-правнукот да биде постар од пра-прабабата? И тоа со „научна“ тврдоглавост. Жално е што Македонија мора да трпи сè: уцени, закани, манипулации. Државата ни е ставена на распетие, за да ја задоволи туѓата фрустрација и наметната вина. А тие што некогаш беа на страната на Адолф Хитлер, денес глумат демократски учители. И повторно сакаат да ја делат Македонија, овојпат не со тенкови, туку со устав и преговори. Но нека им биде јасно: НЕ УСПЕАЛЕ ТОГАШ НИ СЕГА ПА НИ ВО ИДНИНА НЕМА ДА ИМ УСПЕАТ ДА ЈА ДЕЛАТ МАКЕДОНИЈА А УШТЕ ПОМАЛКУ ДА СЕ ВРАБОТУВАЛЕ НЕКАКВИ СИ ПО ЛИНИЈА НАЦИОНАЛНО ПОДОБНИ ИЛИ ФАНТОМИ ДА ВЛЕГУВААТ ВО УСТАВ. ИМАЛО ГОСПОД И ЌЕ ИМА ЗАСЕКОГАШ, СПЕЦИЈАЛНО ЗА НАС МАКЕДОНЦИТЕ. АМИН !!! П.С. За сите што не веруваат, еве ја картата која покажува каде навистина се наоѓала историската „Албанија“ во 300 година од нашата ера, на просторот на денешен Азербејџан, а не на Балканот.
|
















