|
|
| Гордост е да си заедно со тие кои ја креираат политиката во ВМРО-ДПМНЕ и Македонија |
|
Мане Јаковлески Во време кога народот е навикнат на скандали, непотизам и корупција, реткост и чест е да се биде со луѓе кои ја разбираат одговорноста на јавната функција како света должност. Да се биде со членови на Влада кои веќе една година ја водат државата без ниту една афера, да се биде со градоначалници кои три и пол години работат домаќински, одговорно и без ниту една дамка, тоа не е само успех, туку вистинска гордост. Таквото лидерство не се мери само со проекти и бројки, туку со довербата на граѓаните, со примерот што го даваат на помладите генерации. Македонија конечно чекори со глава исправена. Честа и интегритетот се враќаат како стандард, а не како исклучок. И тоа е патот по кој мора да продолжиме со работа, отчетност и без скандали. Затоа, да се биде дел од тимот што ја обликува иднината на Македонија преку ВМРО-ДПМНЕ е чест, одговорност, но пред сè голема гордост. Зашто таа не е само политичка партија, туку столб на македонскиот идентитет, чувар на вредностите на нашата нација и движечка сила за подобро утре. Во време кога политиката често се доживува како поле на конфликти и интереси, да се биде дел од ВМРО-ДПМНЕ значи да се биде дел од визија што се темели на чесност, труд и љубов кон татковината. ВМРО-ДПМНЕ е гласот на народот, надежта на младите и гордоста на нашите претци. Под водство на Христијан Мицкоски, оваа партија не само што покажува зрелост и државничка мудрост, туку и капацитет да носи решенија, а не само критики. Да си со тие што ја кројат политиката во ВМРО-ДПМНЕ значи да се биде во срцето на процесите што ја менуваат Македонија со дела, не со зборови. Тука се луѓето што не ги врзуваат личните амбиции, туку националната кауза. Тука се визионери, стручњаци, сите поврзани со иста цел: да ја видат Македонија како праведна, силна и просперитетна држава. Затоа, да се биде со нив на чие чело е Христијан Мицкоски е привилегија. Тоа значи да си на вистинската страна на историјата. Да чекориш со генерација која не молчи пред неправдата, која не се поклонува пред надворешен диктат и која не се откажува од македонскиот идентитет, јазик и достоинство. Нека не’ води гордоста, но и обврската, затоа што политиката на ВМРО-ДПМНЕ не е политика на лични интереси, туку на заедничка иднина. Македонија повторно горда! |















