|
|
| Бегаат во Дубаи, но не и од вистината! |
|
Македонија денес се соочува со една сурова, но вистинита реалност, оние кои до вчера управуваа со судбината на оваа земја, денес немаат доверба во неа. Наместо да инвестираат и создаваат вредности тука, во земјата од која живееја, во која ветуваа реформи и иднина, тие избираат Дубаи. Избираат да вложат таму, во скапи станови, бизниси и луксузен живот, додека овде создадоа и оставија сиромаштија, запоставени граѓани и опожарени надежи. Зоран Заев, човекот кој се претставуваше како „реформатор“, остави зад себе уништени институции, правна држава во распад и длабоко вкоренет криминал. Венко Филипче, поранешен министер за здравство, чија оставка не ја виде светлината на моралната одговорност, исчезна од јавноста веднаш по трагедијата во Кочани. Додека цели семејства тагуваат, тој според неофицијални извори заминал на „бизнис патување“ во Дубаи. Прашуваме: зошто не инвестираат во Македонија? Зошто тие што најгласно се колнеа во „нашата земја“ сега бегаат од неа? Одговорот е едноставен затоа што немаат доверба во она што самите го создадоа. Затоа што знаат што направија, какви последици оставија и се надеваат дека таму, во Дубаи, ќе ги сокријат и парите и себе од правдата која ја избегнуваат тука. Парите со кои купуваат имоти и луксуз не се нивни. Тоа се народни пари. Пари од корупциски тендери, од сомнителни договори, од буџетот на граѓаните. И додека македонското семејство се бори за преживување, тие уживаат во богатството што го украдоа. Но, вистината ќе ги стигне. Исто како што светлината секогаш го победува мракот. Македонија е разбудена. Народот веќе препознава кој ја пустошеше државата, а кој денес ја обновува. Дојде време за одговорност и таа одговорност ќе стигне, без разлика дали некој се крие во Струмица, Скопје или Дубаи. |















