|
|
| Зошто СДС повеќе ги штити бугарските отколку македонските интереси? |
|
Свекрва Во изминатите години, македонската јавност е сведок на еден трагичен политички парадокс: партијата која некогаш се претставуваше како „чувар на прогресот“, денес стана симбол на откажување од националното достоинство. Говориме за СДС, партија која во последните години не само што молчи пред бугарските уцени, туку активно учествува во нивно спроведување. Сѐ започна со наметнатите договори и протоколи, потпишани под превезот на „европска перспектива“. Но, што доби Македонија? Наместо отворен пат кон ЕУ, доби диктирани лекции по историја од Софија. Наместо европски вредности, доби тивко одобрување на негирање на сопствениот јазик, народ и идентитет. Наместо партнерство, доби потчинетост. СДС, наместо да се спротивстави, избра да биде гарант на тие барања, од прифаќањето на бугарскиот диктат преку „францускиот предлог“, до игнорантниот однос кон состојбата со македонците во Бугарија, кои и ден денес се третирани како непостоечки. Додека ОМО „Илинден“ и другите здруженија во Пиринска Македонија се гонат, забрануваат и маргинализираат, раководството на СДСМ молчи. Ниту една официјална реакција, ниту една дипломатска иницијатива, ниту еден државен ангажман. Зарем тоа е грижата за македонските интереси? Или пак, во името на тивка послушност, македонците надвор од границите се сметаат за „политички вишок“? Најцинично од сѐ е што СДС ги обележува сите кои се противат на овие отстапки како „националисти“, „ретроградни“, па дури и „руски агенти“. Според таа логика, љубовта кон татковината е грев, а поклонувањето пред туѓи интереси е доблест. Така, критиката кон бугарските условувања станува поголем проблем отколку самите условувања. А тоа е јасен показател дека СДС одамна не ја гледа Македонија со исти очи како народот што сака да ја сочува. Што стои зад сето ова? Некои ќе кажат дека станува збор за идеолошка заблуда, други ќе тврдат дека причините се лични и бизнис поврзаности со моќни центри во Софија и Брисел. Но едно е јасно оваа партија одамна го изгуби компасот. И денес, наместо да се бори за национален интерес, СДС е гласноговорник на туѓа волја. Македонија ќе преживее и без СДС. Историјата нѐ учи дека народот знае да прости, но не и да заборави. И кога ќе дојде моментот за пресметка, политичка, морална и историска народот ќе го постави едноставното прашање: Кога и требавте на Македонија, каде бевте и чии интереси штитевте? Македонија ќе оди напред, со оние што не се поклонувале пред ничии ултиматуми. И ќе остане исправена и покрај сите предавства, токму затоа што има народ кој сѐ уште верува дека честа, идентитетот и јазикот не се монета за поткусурување. |















