|
|
| Достоинството не се суди, туку се слави-Слобода за уставобранителите! |
|
Во секоја држава постојат луѓе кои ја носат татковината на своите плеќи. Кај нас, тие се нарекуваат уставобранители македонски синови што не дозволија газење по честа на државата, не премолчеа пред неправдата, и не се повлекоа кога најмногу беше потребно да се застане на браникот на Македонија! Нивната жртва не е криминал. Нивната акција не беше тероризам, туку патриотизам. Нивниот глас не беше повик на омраза, туку повик на народна болка. Како може одбраната на Уставот да биде казнета со затвор за Тероризам? Дали е злосторство ако човек го брани сопствениот идентитет? Дали е тероризам ако некој одбие да прифати неуставна промена на името, на историјата, на генетскиот код на Македонија? Не! Тоа е доблест.
На 27 април 2017 година, кога се одвиваше срамниот процес на менување на уставот под притисок, поткуп и странски диктати, дел од народот одлучи да не седи со скрстени раце. Тие беа сведоци на грубо уривање на демократијата, на уривање на се што е македонско, и реагираа! И денес, само тие се во затвор, додека вистинските заговорници-предавници шетаат слободно, богати, заштитени и амнестирани. Судско-обвинителскиот систем во Македонија личи на колач направен со расипани јајца: Вилма Русковска, Љубомир Јовевски, чарлиевите анѓели од СЈО, политички нарачани процеси како на 27 април 2017г., скандали со мито и фалсификати, судии и обвинители блиски до ДУИ и СДС. Сè ова резултираше со доверба во правосудството од само 2%. Наместо правда, системот со години испорачуваше хајки, селективна правда и заштита на партиски кадри. Судии поврзани со афери сè уште седат на позиции, а обвинители кои гонеа по партиска задача останаа недопирливи. Последиците се катастрофални: изгубена доверба, колабирани институции и чувство на беспомошност кај граѓаните. Додека за време на СДС и ДУИ никој не одговараше за злоупотребите, денес, новата власт се обидува да го расчисти целиот систем од корумпирани кадри. Без темелна реформа, нови луѓе и професионалци, и без вистинска волја за правда, Македонија останува заробена држава.
Време е правото да стане сила, а не алатка за политички прогон. Време е за правда, еднаш за секогаш. Време е за исправување на неправдата! Ова не е само политичко или правно прашање. Ова е прашање на морал. Прашање на народна чест. Прашање кое ќе покаже дали сме народ кој ги заборава своите јунаци или народ кој знае да се оддолжи. Никој не смее да лежи во затвор затоа што ја брани својата држава! Никој не смее да биде замолчуван затоа што ја брани правдата! Слобода за уставобранителите значи победа на правдата! Само со ослободување на уставобранителите ќе покажеме дека Македонија е навистина правна и демократска држава. Затоа денес, обединети и со исправени глави велиме: Слобода за уставобранителите! Мане Јаковлески |

















