|
|
| СДСМ ја злоупотребува трагедија во Кочани за евтини политички поени |
|
НЕКРОФИЛИЈАТА НА СДСМ: КОГА ТРАГЕДИЈАТА СЕ ЗЛОУПОТРЕБУВА ЗА ПОЛИТИЧКИ ПРЕДНОСТИ Трагедијата што се случи во Кочани е болно потсетување дека животот е кревок, а безбедноста мора да биде апсолутен приоритет за секоја институција. Но, она што е уште поболно и поодвратно е начинот на кој поранешната власт предводена од СДС ја злоупотребува оваа трагедија за евтини политички поени. Наместо сочувство и одговорност, СДС избира некрофилски пристап со лаги, манипулации и цинична злоупотреба на човечката несреќа. СДС денес се обидува да фрли песок во очите на јавноста, да го измести фокусот и да го замагли сеќавањето на сопствената неспособност. Јавноста не заборава: за време на нивното седумгодишно владеење, не беше поднесена никаква одговорност за ниту еден скандал, ниту еден функционер не беше повикан на одговорност, а уште помалку санкциониран. Во времето на СДС, владееше културата на неказнивост, ароганција и молк. Најстрашниот пример за тоа е случајот со модуларната болница во Тетово, каде што трагично го загубија животот 14 граѓани. Главниот виновник, тогашниот министер за здравство Венко Филипче, сè уште шета слободен. Тој лично ја подготвувал техничката спецификација на тендерот, дозволувајќи изградба на болнички објекти без употреба на огноотпорни материјали. Сè беше правено спротивно на процедурите, незаконски, неодговорно и безбедносно ризично. Денес, за разлика од тогаш, Република Македонија има Влада која постапува брзо, сериозно и одговорно. Трагедијата во Кочани не се покрива со партиски чадори. Напротив, се спроведува сеопфатна и неселективна истрага која ги опфаќа и поранешни и сегашни функционери. Некои од нив веќе се во притвор, а тоа е доказ дека денес има систем, има одговорност и има правда за сите без разлика на функцијата или партиската припадност. Покрај одговорноста, Владата на ВМРО-ДПМНЕ превзеде и сериозни чекори за превенција. Донесени се измени во Законот со кои се забранува употреба на пиротехнички средства во затворени простории, една од главните причини за несреќи. Истовремено, санкциите за прекршителите се драстично зголемени, а дополнително е воведена и јасна одговорност за присуство на малолетници по полноќ во угостителски објекти. Тоа се мерки што ја заштитуваат младата популација и спречуваат идни трагедии. Денешната Влада не калкулира со човечки животи, туку дејствува. Одговорно, законски и транспарентно. За разлика од времето кога СДС ги криеше вистинските виновници, денес никој не е недопирлив. Така се гради доверба, така се штити народот. А СДС нека продолжи да го покажува своето вистинско лице, лице на партија што не познава ниту етика, ниту одговорност, ниту срам. Македонскиот народ знае да препознае кога некој искрено служи на граѓаните, а кога некој безобразно ја злоупотребува туѓата болка за мизерна политичка корист. |















