|
|
| ЗА ДЕНОТ НА ЛИПИТЕ ВО ДПМ |
|
МАРИЈА ЕМИЛИЈА КУКУБАЈСКА ПОМЕЃУ ПЕЈСАЖОТ И БЕТОНОТ, ПРОТИВ КАТА-СТРОФИ Под бетонот не расте производството на воздух, а В.И. мисли и таму ќе дише вавилонски дух, и таму пејсаж ќе има - со висечки градини на катни леи. И денес градини во пустини се галат, но како ќе се палат без струја, без вода – кога згаснат. Какво залевање пејсажи, какви омажи за творците во дворците на бездушната сласт за власт!? Бетонот ќе остане без жив тон. Но, пејсажот ќе расте и храна ќе дава - од мориња под песокот чувани од предпотопски води. Земјата е книга за умните да ја читаат, не за дрогираните да скитаат, бесно да итаат, во бетон-гроб да паѓаат без да садат мисловни пејсажи од Земја до космос. Во бетон тие живеат, а не и од него. Зли метали роботите садат, а не човечни корени, народ да хранат створени. Иако од иста Земја е се’, со квадрилијарди клетки и во човекот и во галаксии по течение на плазми небесни. Колку бескрајно мали се големите замки на ката-строфата! Измами, пиратства, бришење братства... Се храни таа со човечко месо и дух, со пејсажи на чиста радост. Од под бетон чернобилски, хирошимски, фукушимски... раѓа, рие, крие таа умртвени мутанти, анти органски пејсажи. Гата таа: „Се’ ќе направам да има се’ порасипан, пореметен тек на гадоста, испревртена вера хибридна. Со неа вистински вереници мамам, демони уценувам, и добивам на небото стан. Одново ќе пребегам од прогони за анти-небесни, анти-земни, анти-народни не-дела анти-културни. Моето небо се добива со членство во црно време, со кодош племе - против благословените. Никогаш Сал с Бо(г) не сум. Затоа сум катаСтрофа вештерска. Неверници влечам од сите четири партиции, и постанувам патриција. Ме наградуваат за мојата страст по власт. Учена и курсирана вештерка сум: власта се бетонирала во пештери за вештери. Само јас и прелажаните смееме да се смееме и да крадеме. Не сум сал јас, и Ирод го измамила Салома за праведната глава. Само јас и бетонџиите смееме да пееме, пејсажи со песок да сееме, живи величини да мрееме Јас прогласувам кого да згаснам кого да спасувам.“ Но, доаѓа, сепак доаѓа спас од нејзиниот пост-хуман хаос, од машини на смртта и рушења на божјиот Наос. Канали пали, арсенали активира, во приемни сали морфира од стаор во граор, прогресивно профитира, во лажни ѕвезди се инфилтрира, опожарува очовечени пејсажи, и астрофизичари онеспособува ако ја откријат нејзината вештерска темнина. Вештерката не сака да знае за божја топлина, а во нејзино име им бае на новодобските златоносци. До кога, Боже, нејзиниот бе-тон клон, нејзин чекан и наковална ќе се, рајско овошје да дроби, плодни фарми да труе, бисери да меле и фрла во отпад со нејзините книжевни експлоатации, а пејсажот чист и чеден да го прска со црвјосани пестициди, мал-формации, интоксикации - култури да гинат од неа и нејзините цемент г-робови!? Но, по неа, сепак, и пак - пејсажи ќе изгреваат. Но, мртвите души нејзини – не! Под идолот теле-бе-тон се. А просветлените душевни глетки над нив, правци на правдата ќе се, и празници со плодови на духот, неограбени творештва на генијалноста македонска, светска. |















