|
|
| Идеја што не запира, вредности што носат промени. 35 години ВМРО-ДПМНЕ, 124 години ВМРО |
|
На 17 јуни 1990 година се случи настан што го промени текот на македонската историја. ВМРО-ДПМНЕ е формирана во исклучителен историски момент, се претвори во стеблото на МАКЕДОНСКИОТ непокор, сплотена и цврста, со братска искрена љубов и подадена рака со добра мисла, опстојува како гарант на МАКЕДОНСКАТА иднина, сега и засекогаш, АМИН ! Во времиња на неизвесност и пад на комунизмот, во срцето на Скопје беше формирана првата македонска политичка партија со вистинска национална платформа, ВМРО-ДПМНЕ. Ова не беше обично основање на уште една партија, туку беше продолжение на вековната борба за слобода, достоинство и национално самосознание. Зад оваа идеја стоеше човек со јасна визија и огромна жртва Драган Богдановски, идеологот, визионерот и совестa на современото македонско движење. ВМРО-ДПМНЕ се роди од маката на народот, од потребата за глас на оние што 45 години беа замолчени. ВМРО- ДПМНЕ во себе го носеше духот на историското ВМРО – но пренесен низ современ контекст, подготвен да се соочи со предизвиците на новото време. Политичкиот плурализам со ВМРО-ДПМНЕ ја започна демократијата во Македонија. Тоа беше првата автентична политичка сила која не произлезе од комунистичките структури, туку од народната волја. ВМРО-ДПМНЕ секогаш стоеше на браникот на македонскиот идентитет, јазик, историја и култура, без калкулации, без отстапки! Под раководство на оваа партија беа спроведени низа реформи, инфраструктурни проекти, поддршка за семејствата, пензионерите, младите, бизнисите,... За овие 35 години ВМРО-ДПМНЕ успеа да ги придобие сите генерации, се’ со една заедничка цел: силна, суверена и напредна Македонија. Денес, 35 години подоцна, ВМРО-ДПМНЕ на чело со Христијан Мицкоски, повторно е двигател на промени. Повторно го носи факелот на надежта. Повторно ја брани Македонија од надворешни притисоци и внатрешни предавства. 35 години подоцна ВМРО-ДПМНЕ сè уште ја предводи битката за Македонија, битка за вистината, за идентитетот, за правдата, за секој човек што ја љуби оваа земја, битка против неправдата и против предавството. Во партијата е врежан заветот од Илинденците и Асномците.Затоа денес велиме, таму каде што е ВМРО-ДПМНЕ, таму е и Македонија! Да живее ВМРО-ДПМНЕ! Да живее Македонија! |















