|
|
| Дали СДС имаат доблест и право да зборуваат за чесност, правда и европски вредности? |
|
Народот не заборава, вистината за СДС мора да се каже! СДС денес повторно се јавува како „морален судија“, со полни усти критики за секој потег на новата влада. Но прашањето е: Дали СДС имаат доблест и право да зборуваат за чесност, правда и европски вредности? Да се потсетиме. Во нивното време го доживеавме најголемото национално понижување во поновата историја на Македонија. Со Преспанскиот договор, СДС и Зоран Заев го избришаа вековното име на државата Македонија! И сето тоа, без консултација со народот, без референдумска волја, со грубо газење врз достоинството на македонскиот човек. Не беше доволно само тоа. Следеше срамниот Договор со Бугарија потпишан по диктат на Софија, со кој македонската историја, јазик и идентитет беа ставени на маса за преговори, како да се на пазар. Наместо да не заштитат, не предадоа. Наместо да бидат гласот на Македонија, беа гласноговорници на туѓи интереси. Во тие години на СДС, државата стана рај за корупцијата и криминалот. Најголемата брука, македонски патни исправи завршија во рацете на светски мафијаши, нарко босови и терористи. Македонија се претвори во „Елдорадо“ за меѓународниот организиран криминал! Во меѓувреме, додека народот тонеше во сиромаштија, во министерствата се играше фудбал. Партиските функционери си направија игралишта во институциите, како да се приватен клуб. Наместо работа, забава, наместо реформи, селфи и шоу за јавноста. Купуваа јаглен по срамно високи цени, со тендери што ги плаќаше народот, а профитираа партиските блиски фирми. И тоа во време кога електраните едвај преживуваа, а народот плаќаше енормни сметки за струја. Да се потсетиме и на другите недела: -14 загинати во модуларната болница во Тетово, ниту еден виновен! -„Рекет“, корупциски скандал без преседан, со милиони евра изнудени од бизнисмени! -Судството претворено во политичка алатка, а обвинителството во глув и слеп послушник! -Македонија на дното на сите европски листи по слобода, по доверба, по развој! И денес тие истите зборуваат за „морал“ и „вредности“? Народот не заборава! и народот не се потценува! Македонија конечно има влада без криминални афери, со визија и решителност. Локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ веќе четири години покажува како се работи одговорно и транспарентно. Нема скандали, нема злоупотреби туку конкретни проекти и решенија за граѓаните. И затоа СДС е во паника. Затоа што завршува времето на лагите, лицемерието и националните предавства. Македонија веќе тргна по вистинскиот пат и враќање назад нема! Македонија е будна! Македонија се бори! Македонија победува! |















