|
|
ВМРО-ДПМНЕ е сигурен и стабилен партнер на граѓаните на Македонија |
Државата тонеше - додека СДС крадеше, денес Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е сигурен и стабилен партнер на граѓаните на Македонија ПР-от на СДС деновиве е пуштен на најјако. Во натпревар кој повеќе ќе излаже, кој повеќе неаргументирано и без никаква издржана критика ќе ја нападне Владата, тој прес и соопштение се испраќа во јавноста. На кратко како владееше СДС 7 години: - Јавен долг од 47% на 65%; - Економијата во надолна линија на раб на банкрот; - Субвенции за земјоделците неисплатени од 2021 година; - Неисплатени плати во државни институции за неколку месеци; - Протести на регионални патишта и пред Влада од незадоволни земјоделци; - Криминални банди хараа по улиците на главниот град; - Пасоши на белосветски криминалци, а за граѓаните немаше; - Судии и обвинители бирани од тефтерите во Зајас и Муртино; - Автопати за 7 години, реализација максимум 10%; - Авиолинии – укинати; - Пензиите и платите стагнираа, инфлацијата растеше двоцифрено; - Учениците без учебници, студентите без реконструирани студентски домови, пациентите без лекови, пензионерите без зголемување на пензии, едноставно влада без решение.
ЕДНА година Власт на ВМРО-ДПМНЕ: - Јавниот долг намален на 57%; - Економија во нагорна линија 4та економија во Европа; - 9 милијарди денари субвенции за земјоделците, заостанати од 2021 година; - Редовни и зголемени плати; - Задоволни земјоделци со повисоки цени за откуп на земјоделски производи; - Криминалците зад решетки, безбедноста на улиците зголемена; - Четири автопати се градат истовремено; - Во моментов 64 авиодестинации; - Пензиите и платите растат како никогаш досега, - инфлацијата е намалена, - учениците навремено добиваат учебници, - студентите добиваат, - реконструирани домови и факултети. - Владата ги зголеми платите на вработените во образованието, здравството, и безбедноста. - Платите во образованието се зголемија за 12 проценти. - Просветните работници и сите вработени во образованието добија покачување од 12 проценти. - Платите во здравството се зголемија за 15 проценти. - Здравствените работници, медицинските сестри, техничари и административен персонал за шест месеци добија покачување на платите од 15 проценти. - Матичните лекари и гинеколози добија покачување на капитациониот бод од 33 проценти, од 75 на 100 денари. - Стоматолозите добија покачување на капитациониот бод од 23 проценти, од 61 на 75 денари. - Платите во секторот безбедност се покачија за 10 проценти. - Службените лица во МВР кои се грижат за безбедноста и сигурноста на граѓаните и државата добија покачување на платите од 10 проценти, - Обезбедени се 800 милиони денари од буџетот за зголемување на платите на 12.000 полицајци. - 1000 нови вработувања во Полицијата, - Пензиите се покачија за 5000 денари, -Владата се грижи за сите граѓани. Зголемувањето на платите продолжува. |