|
|
Бугарија полуде но не успеа да го спречи изгласувањето на комисијата |
Александар Македонски Џеповски Повод изгласувањето на комисијата на ЕУ за напредокот на Македонија. Посебно беше нагласено дека Македонскиот јазик и идентитет е повеќе вековен. Бугарија полуде но не успеа да го спречи изгласувањето на комисијата. Извештајот на Европската Унија е позитивен, Објективен и Добредојден. Но, прашањето е: дали е доволен лек против старите болести на нашите вечни негатори? Тие што одбиваат да ја признаат вистината дури и кога е напишана со најевропски зборови во срцето на Брисел? Секако дека нема да признаат. Ќе бараат дупки, конструкции, сценарија. Тоа е нивниот стандарден политички рефлекс кога Македонија добива признание. Но, едно е јасно: Македонија постоела, постои и ќе постои. Македонската нација е реалност. Македонскиот народ е факт. И колку повеќе некој негира – толку повеќе сам се разобличува како фрустриран и љубоморен. Секоја негација е одраз на туѓ пораз, а не на наш проблем. Затоа велиме: нека вриштат, нека пиштат – тоа е доказ дека Македонија чекори напред! И додека бугарските политички кругови врескаат со навредени емоции, „поголеми католици од Папата“, нашата мисија е да останеме достоинствени. Самиот факт дека извештајот на ЕУ им ја крши тврдината на нивните лаги и инсинуации, е показател дека нешто е сменето – дека има нова сила, нова енергија, нова вистина што се пробива. Она што денес мора да се каже со гордост и без двоумење е: Браво за Македонија! Браво за премиерот Христијан Мицкоски! Ова не е само политичка победа – ова е враќање на достоинството. За разлика од времето кога државата се распродаваше на парче, кога Црпко и Али со своите 40 разбојници ја разграбуваа татковината – денес конечно има почеток на едно ново време. Време на храброст, на државност, на борба за интересот на народот и Македонија! Да резимираме: Македонија има право да очекува повеќе вакви позитивни извештаи, не да прима ултиматуми. Во сојуз со Бога, со вера во народот, со љубов кон коренот – сè друго е лук и вода. Нека се лутат, нека негодуваат – тоа е нивна немоќ. Нашата сила е во вистината, во истрајноста и во љубовта кон оваа света земја. Една е Македонија! Амин! |