|
|
| Правдата конечно се враќа во Македонија! |
|
Мане Јаковлески Никогаш досега граѓаните не почувствувале толку брзо дека државата им се враќа. Дека институциите се враќаат кај народот. Дека државниот апарат не е повеќе огледало на моќта на политички криминалци, туку инструмент за ред, правда и еднаквост. Тоа не се зборови што ги кажуваме од навика. Тоа е реалност што почнува да се чувствува на терен. Владата ја постави правдата како неприкосновен темел на своето владеење. Без оглед кој е, од каде е и со која партија се поврзува, ако го прекршил законот, ќе одговара. И така и се случува. Во само неколку месеци беа откочени истраги кои со години беа заташкувани. Беа тргнати заштитените лица од своите фотељи. Беше испратена силна порака дека заврши времето кога некои беа „недопирливи“. И сето тоа не како театар за јавноста, туку како суштинска промена на начинот на управување со државата. Системот што го наследи оваа влада беше длабоко нарушен. Заевизмот не беше само политичка грешка беше модел на владеење заснован на клиентелизам, прикривање, и корупциски ланци кои ја гушеа секоја можност за развој. Тој модел сега се демонтира, чекор по чекор. Во институциите веќе се чувствува нова енергија. Вработените имаат слобода да постапуваат според закон, а не според партиски диктат. Инспекциите почнаа да контролираат, наместо да заобиколуваат. Сето тоа е резултат на политичка волја и визија. Премиерот Мицкоски не направи компромис со минатото. Не влезе во договарања со остатоците од криминалната елита. Наместо тоа, избра пат на конфронтација со неправдата колку и да чини. Во оваа борба има и отпори. Тоа е очекувано. Секоја мафија ќе се бори за опстанок. Но народот гледа кој се бори за државата, а кој се обидува да го сочува статус-квото. Затоа поддршката за оваа влада расте. Затоа граѓаните се охрабрени затоа што конечно има кој да ги слушне. Оваа влада не води политика на реваншизам, туку на правда. Не дели луѓе по припадност, туку ги обединува околу законот. Тоа е вистински пат за напредна и европска Македонија. Да се стави ред по толку години хаос тоа не е лесна задача. Но токму тука се гледа лидерството. Да не се плашиш од вистината. Да не молчиш кога ќе најдеш криминал. Да не калкулираш со оние што вчера биле силни, а денес треба да одговараат. Тој пресврт веќе се случува. И тоа е најголемата придобивка од новата власт, чувството дека државата конечно функционира за граѓаните, а не за партиски врхушки. Македонија конечно има влада која не ги става работите под тепих, туку ги изнесува на виделина и која не чека дозвола однадвор за да спроведе правда, туку тоа го прави затоа што му го должи на народот. Ова е само почеток, но е почеток во вистинска насока. |















