|
|
| Ало „другарчиња“ од СДС, вратете се малку во реалноста! |
|
Свекрва Пред некој ден слушнав еден недоквакан функционер на партијата СДС која секојдевно длабоко тоне како видно нервозен дури и исплашен коментира, замислете во некој штаб на ВМРО-ДПМНЕ имало фотографија од претседателот Христијан Мицкоски. Тоа им пречело? каква дрскост? Седум години крадевте, распродававте, се одрекувавте, е сега е време за поправка! Седум години ја распродававте честа и идентитетот на Македонија како на распродажба на бувљак. Сакавте да нè претворите во народ без име, без корен, без достоинство. Го сменивте името на аеродромот, местото што беше симбол на македонска гордост “Александар Велики”. Го свенивте името на државата, го свенивте знамето, најсветиот симбол кој не потсетува на Кутлеш, на нашето античко потекло, на вековна борба. Го распнавте идентитетот на македонскиот народ за да угодите на туѓи амбасади и за лични фотелји,... Седум години нема да се заборават. Ќе бидат потсетник што никогаш повеќе не смее да се повтори. Ало „другарчиња“ од СДС, вратете се малку во реалноста, сега Ви сметала сликата во некој штаб од Христијан Мицкоски? Па вие низ цела Македонија имате штабови и канцеларии со фотографии на вашиот миленик Јосип Броз Тито а можеби во некоја и од Сталин. Веќе со децении! Не ви пречи тоа? Ама да бидеме на чисто, вас не ве боли сликата. Ве боли што на таа слика има Човек-Лидер кој ја движи Македонија напред. Ве мачи неговата упорност, визија и способност да ја извади државата од калта во која вие ја заглавивте. Кал полна со криминал, сиромаштија, распродажба на националните интереси, иселување и понижување. Вас ве боли успехот. Ве Боли што денес Македонија добива нова шанса. Шанса што вие ја газевте седум години. Ама народот гледа, народот знае. И не само што денес го почитува Мицкоски, туку бидете сигурни: еден ден и тоа многу скоро, ќе го слават и вашите деца и внуци. Како лидер кој стоеше исправено кога вие ја виткавте кичмата. Како човек кој не го продаде својот народ за шепа златници и заради ден повеќе власт. Затоа, наместо да гледате фотографии, подобро бројте ги вашите гревови. Колку предавства на сопствената држава направивте, колку тендери наместивте, колку патишта оставивте незавршени, колку млади ја напуштија државата додека вие се сликвате со пари во раце и фотографии на плажи на море и во Дубаи. Народот нема да заборави, народот веќе препознава што е добро а што е лошо. А фотографијата ќе остане симбол на обнова, надеж и макотрпна борба за горда Македонија. |















