|
|
| Луѓето добро знаат кој дојде со празни раце, а си замина со полни куфери! |
|
ДУИ кога ќе почувствува дека ја губи поддршката од народот, одма ја вадат од фиока нивната омилена тема: правата на Албанците. Дваесет години беа во влади, во општини, во јавни претпријатија. И сè им беше „таман“. А сега, кога крајот им чука на врата, пак стара песна: Албанците се дискриминирани, а ниту еден збор за сите други што живеат овде: Македонци, Турци, Срби, Власи, Роми, Бошњаци, народ што трпи и живее со иста мака од нивното дваесет годишно владеење.. Не зборуваат за младите што во нивно време заминуваа масовно без разлика на вера или етничка припадност, сите во еден правец: Германија, Швајцарија, Италија, Австрија, Словачка,…Заминаа цели генерации млади, а тука останаа празни села, стари родители, а Тие со полни сметки! Старите луѓе-нивните родители останаа сами, нема кој чаша вода да им подаде, во Зајас, Врачиште, Гостивар, Тетово, Чегране, Добридол, Боговиње, така е и во другите градови и села во цела Македонија, школските клупи празни, нема детски џагор, куќите затворени, ролетните спуштени, суви чешми, недај боже како чума да поминала. А тие што заминаа место да ги чуваат нивните родители, чуваат стари Германци, Австријци, Италијани, Швајцарци,... Цели генерации заминаа во странство, а тие „многу“ загрижените заминаа-побегнаа, со полни торби нечесно „заработени“ пари. А пред да избегаат, се натпреваруваа кој погласно ќе каже дека „образот им е чист“ и дека „со душа чекаат да одат на суд за да ја докажат нивната невиност“. Сите ги видовме, сите ги слушнавме! И сега тишина. Ни суд, ни правда, ни совест ни бутур. Само старата приказна за „дискриминација на Албанците“. Оваа држава не е нивна приватна авлија. Македонија е за сите и сите еднакво страдавме и сите заедно се радуваме. Ама народот не е повеќе наивен ниту е за потценување. Бог или Алах ни го даде Христијан Мицкоски кој не ги дели луѓето по националност или по вера, тој работи за иднината на сите, тој работи да ја врати Македонија кај народот, тоа, овие напатени души го заслужуваат. Христијан Мицкоски работи еден ден да се врати џагорот во училиштата, да се кренат ролетните на куќите, да почне да тече вода од исушените цевки, да се вратат младите дома за да живеаат покрај нивните стари и изнемоштени родители. На следните локални избори, ќе им стигне одговорот од народот и на ДУи и на СДС. Доста беше од лажни „загрижени“ патриоти! Народот повеќе не им верува! |















