|
|
| Од нас зависи кога Македонија ќе биде обединета! |
|
Александар Македонски Џеповски Оваа мизерија, ова лудило што го живееме не е случајност, и не е само наш проблем. Се чувствува насекаде, низ целиот свет. Но Македонија, нашата света Библијска татковина е ранета и од надвор и од внатре. Лажни пријатели, неискрени “сојузници”, домашни предавници и вродена завист меѓу нас самите, тоа е коктелот што не влече надолу. Но, време е да се разбере една суштинска вистина: Македонија нема да ја обедини никој друг освен самите Македонци! Во духовна смисла, многу од тоа што се случува денес е одамна запишано. Сè што гледаме, падот на вредностите, понижувањето на верата, непочитување кон Бога и семејството е дел од последната битка помеѓу доброто и злото. Злото доби последна шанса и ја прокоцка. А крајот на злото, знаеме каде завршува, во пеколот. Таму ќе завршат сите оние кои ја сакаат да ја уништат Македонија, кои газат по македонската душа, кои се откажуваат од своето име, својата вера, својата чест. И да не се лажеме, не е виновен само непријателот однадвор. Длабоката поделеност меѓу нас Македонците, омразата, подметнувањето, зависта, тоа е внатрешниот непријател што не уништува тивко. Ако не го искорениме тоа зло од внатре, никој од надвор нема потреба да не руши, ние самите ќе си ја срушиме куќата. Но има и светло, секогаш има и надеж. Онолку Македонци колку што ќе останат вистински и чесни, ќе бидат доволни ако имаат вера, љубов и трезвен ум да ја одбранат и обединат Македонија. Не треба да бидеме милиони, туку да бидеме обединети околу вистинските вредности: вера, чест, национално достоинство, и пред сè, љубов кон ближниот, а не омраза кон комшијата. Парадоксално, денес, кога нè понижуваат и ни го негираат постоењето, нашите најголеми негатори почнуваат да нè признаваат. Претходно негираа дека сме Македонци, а денес не само што признаваат, туку се прават поголеми Македонци од нас! Се повикуваат на Александар Македонски, на античките корени, на македонската земја и дух. Тоа е нашата шанса. Ако знаеме паметно да играме, ако покажеме зрелост и мудрост, ако конечно престанеме да се расправаме меѓусебно за ситни политички или лични интереси, ќе ја обединиме Македонија. Да ги закопаме секирите, да го победиме “да му цркне козата на комшијата”. Времето доаѓа кога сè ќе дојде на свое место. Но нема да се случи само по себе. Ќе се случи само ако ние Македонците се обединиме. ЗАПОМНЕТЕ - БОГ ГЛЕДА И НИШТО НЕ ОСТАВИЛ ДА МУ ИЗБЕГА ОД ОЧИТЕ. МАКЕДОНИЈА Е БИБЛИЈСКА ЗЕМЈА И СОНЦЕТО ВЕЧНО ЌЕ ЈА ГРЕЕ. АМИН !!! |















