|
|
| Македонија е АМАНЕТ и ЗАВЕТ! |
|
Во едноумието, кога татковината беше врзана со синџири на цензура, страв и молк, кога мислата за слобода беше прогласена за ерес, се роди ДООМ – Движењето за Ослободување и Обединување на Македонија. ДООМ не беше само организација, ДООМ беше повик кон совеста на секој Македонец, без разлика каде живее. Создадено врз основа на (ОКМ-Ослободителен комитет на Македонија) во 1963 година. ОКМ се трансформира во ДОМ а 1972 година во ДООМ, движење кое ја разгоре жарта на македонската борба. Идеолошкиот татко, визионерот и несопирливиот борец за македонската кауза – Драган Богдановски стана синоним за непокорот. Со јасна мисла и силна верба, тој ја трансформираше болката на прогонетите Македонци во акција. Од Европа до Америка, Канада и Австралија, македонската дијаспора се обедини околу една цел: Слободна, Суверена и Обединета Македонија. ДООМ беше повеќе од политичко движење – тоа беше национална совест. Беше платформа преку која прогонетите Македонци добија глас. Беше доказ дека љубовта кон татковината не познава граници. Беше симбол дека и кога си далеку од родната земја, можеш да се бориш за нејзината слобода. Токму во тие времиња, додека комунистичка Југославија го задушуваше македонското прашање, ДООМ гласно зборуваше, кога светот молчеше, ДООМ сведочеше. Од тоа време произлезе и списанието „Македонска нација“, првиот слободен македонски глас во светот. Од неговите страници се објавуваа вистините за Македонија, разобличувањата на комунистичките прогони и се хранеше идејата за Самостојна Обединета и Суверена Македонија. Тоа беше вистинска револуција со зборот, со перото, со вистината. ДООМ беше идеолошкиот мост до 1990 година, кога се основаше ВМРО-ДПМНЕ. Драган Богдановски, творецот на ДООМ, стана идеолог на најголемото македонско патриотско организирање во поновата историја. Без ДООМ, немаше да има ВМРО-ДПМНЕ. Тоа мора да се каже, тоа мора да се знае. Тоа не смее да се заборави. Денес, Повторно некој сака да ни каже дека сме нешто друго. Повторно се игра со нашето име, јазик, култура, повторно се соочуваме со нови облици на старите страдања, негирање на македонскиот идентитет, бришење на историјата, асимилација под маска на „европски вредности“, ни треба духот на ДООМ повеќе од кога било. Да го чуваме и славиме ДООМ како што заслужува, како симбол на непокор, слобода и национално единство. Но, ние сме народ што не заборава. Македонија е аманет – завет што се пренесува од поколение на поколение. И во тој аманет, запишано е името и на ДООМ. Тоа е нашата национална светлина, симбол на непокорот, вистината и обединетоста. Денес, порталот „Македонска Нација“ www.mn.mk го продолжува тоа наследство. Како современ електронски гласник на македонската идеја, тој останува верен на целите на ДООМ: Преку објавување на вистини, анализи и сведоштва, „Македонска Нација“ ја чува меморијата на македонската борба, ја разоткрива историската неправда и го поттикнува македонскиот дух. За да нема тајни мисли, за да нема задкулисни игри, на кои Ние Македонците од секогаш сме биле жртви. За да нема прогон, за да нема осуда. Затоа мислата мора да живее, сонот мора да се реaлизира, татковината мора да опстои, а ние Македонците мора да се бориме за да не' биде. Тоа е пораката која мора да ја носиме сите во нас. Како водилка низ мачнината која повторно ни се случува. Порталот Македонска нација е широка национална трибуна, во која може да соработува секој оној Македонец и Македонка, кој сака да работи за доброто и среќата на Македонија. Да ги објавуваме вистинските вистини за Македонија, па колку и да се тие болни за некого. Да ги објавуваме сите неправди, сите злодела што со години наназaд ни биле направени или криени од јавноста. Да се чуе гласот на секој Македонец, овде во нашава Македонија, но и надвор во Дијаспората, Пиринска, Егејска Македонија и Македонците во Албанија. Порталот „Македонска Нација“ – www.mn.mk денес ја продолжува таа светлина. Како современа трибуна на македонскиот народ, тој го носи духот на ДООМ. Тој не молчи. Тој пишува, сведочи, разобличува. Тој ги повикува сите Македонци – дома и низ светот да се борат со збор и перо, со истрајност и свест. Токму затоа, „Македонска нација“ е гласникот на новото време, но со историско сеќавање и непоколеблива цел: Македонија да биде Суверена, Слободна и Обединета. Ние, Македонците, имаме должност да сведочиме, да потсетуваме и да пренесуваме. Да не дозволиме страниците на нашата историја да бидат избришани или фалсификувани. Затоа мораме да го чуваме заветот на ДООМ–Движењето за Ослободување и Обединување на Македонија! Борбата продолжува, не со пушки, туку со вистината. Ете затоа повторно гласот на Македонецот. Ете затоа повторно “Македонска нација“ www.mn.mk. Ние сме Македонци и не можеме да бидеме ништо друго освен Македонци! Македонија е АМАНЕТ и ЗАВЕТ! Македонија вечна! Амин!
|
















