|
|
| Како може СДС кои ја газеа македонската гордост да зборуваат за патриотизам? |
|
Подлоста на СДС нема граници! СДС, партија која секојдневно тоне во рејтингот и (не)довербата кај граѓаните, се обидува да држи предавања за патриотизам, заборавајќи дека токму тие, го газеа достоинството на народот. Срамно и дрско е да зборуваат за темелите на македонската државност, кога токму тие се потписниците на најголемите понижувања и уривања на македонскиот идентитет. Уште од деведесеттите години СДС тоа време се викаше СКМ–ПДП (Сојуз на комунисти на Македонија – Партија за демократска преобразба) го покажа својот однос кон Самостојна Македонија.
Од ПДП–СКМ до СДС–три децении економска пустош: Уште од раните деведесетти години, ПДП–СКМ, трансформиран потоа во СДС, ја водеше Македонија по патот на економска пропаст. Наместо државата да ја насочат кон стабилен развој и зачувување на наследената индустрија, тие спроведоа политика на непромислена приватизација, криминално распродавање на државниот капитал и партиска контрола врз секоја стопанска гранка. Фабриките кои беа гордост на Македонија – од текстилните гиганти, преку металургијата, до прехранбената индустрија, беа продадени за смешни суми или оставени да пропаднат. На нивно место останаа руини и илјадници луѓе без работа.
СДС–три децении кога беа на власт тргуваа со сè што е македонско: Во клучните моменти од 1991 година не беа јасно и отворено за безусловна самостојност на Македонија. Иако формално учествуваа во процесите, нивната политика тогаш беше повеќе насочена кон некаква форма на заедница со другите југословенски републики, а не кон целосно и независно одвојување. Дури и на референдумот на 8 септември 1991, партијата го наметна формулираното прашање што оставаше отворена врата за останување во рамки на некаква скратена постјугословенска унија.
Се откажаа од знамето со ѕвездата од Кутлеш – симбол со илјадници години историја, кој беше знак на македонската борба за државност. Тоа беше првиот чекор во низа капитулантски потези што следуваа.
Најтешкиот удар дојде во времето на Зоран Заев, кога СДС потпиша и спроведе Преспански договор, со кој го избриша нашето уставно име „Република Македонија“ и ни го наметна понижувачкото „С“. Со овој чин, тие не само што ја прекршија волјата на над 600.000 граѓани кои на референдумот кажаа „НЕ“, туку ја погазија и крвта и жртвата на сите што се бореле за македонското име и идентитет.
Преговараа и прифаќаа барања кои директно ја негираа нашата историја и нашите национални херои. Македонскиот јазик го ставија под ѕвездичка и фуснота, а националните интереси ги третираа како монета за фотелји и функции.
Следуваа нови удари–преговори со Бугарија кои кулминираа со потпишувањето на договорот за „добрососедство“ на 1 август 2017 година и прифаќањето на т.н. „француски предлог“ во јули 2022 година. Со тие чекори, македонската историја беше ставена на маса за преговори, а идентитетот и јазикот беа релативизирани.
Сето тоа, тие го нарекуваа „напредок“ и „европска перспектива“. Но народот знае дека тоа беше големо национално предавство. Како може токму оние што ја рушеа куќата да зборуваат за нејзините темели? Како може СДС кои ја газеа македонската гордост да зборуваат за патриотизам? Затоа денес, кога се повикуваат на темелите на државноста, нивните зборови се празни, лажни и без кредибилитет. И на овие локални избори–СДСМ нема што да им понуди на граѓаните, ниту визија, ниту проекти, ниту доверба, туку само празни ветувања и потрошена политика.
Македонскиот народ памети и должни сме да останеме будни, одлучни и непоколебливи. Никогаш повеќе да не дозволиме повторување на оваа срамна историја која ја создаде СДС. |















