|
|
| Македонија оди напред, без разлика колку ДУИ се обидува да го сопре тој пат! |
|
Нема предвремени избори, Македонија оди напред! Последните изјави на премиерот Христијан Мицкоски упатени кон ДУИ се јасен сигнал дека политичката стабилност и фокусот на реформи нема да бидат жртвувани заради партиски калкулации и улични провокации. ДУИ, кои две децении се столб на криминално-политичкиот естаблишмент, сега повторно се обидуваат да ја вратат државата во режим на постојани изборни турбуленции и криминал. Но, овој пат, планот им паѓа во вода. ДУИ игра на картата на „кратко помнење“ кај народот, да се заборават сите афери, сите скандали, сите неправди што ги оставија зад себе. Но Македонија веќе гледа подалеку. Граѓаните знаат дека токму тие и СДС ја држеа државата како заложник на личните бизнис-интереси и привилегии, под превезот на наводна борба за права. А вистината е дека токму тие ги злоупотребуваа институциите за да ги обезбедат своите позиции и привилегии, додека државата тонеше во корупција и криминал. Пораката на Мицкоски е јасна, оваа влада нема да падне на уцени, нема да подлегне на вештачки кризи, и нема да им дозволи на интегративците да се претстават како жртви. Времето на уцени, блокади и политички пазари заврши. Македонија не смее повторно да биде вовлечена во циклус на предвремени избори кои служат само за спас на партиски кариери, а не за напредок на државата. Македонија денес е на пат на промени и напредок, а ДУИ колку и да се обидува со закани, уцени и политички блокади, нема да успее да го запре тој процес. Години наназад нивната политика беше насочена кон поделби, лични интереси и корупција, но времето на политичка трговија заврши. Државата повеќе не е заложник на теснопартиски игри. Народот избра нов правец, правец на економски развој, враќање на достоинството и изградба на општество во кое владеат законот и правдата за сите граѓани во Македонија без разлика на вера и нација. ДУИ може да влече наназад, но силата на народната волја, заедно со решителноста на новата влада на чело со Христијан Мицкоски, ќе ја турка Македонија напред. Оваа држава е премногу силна за да ја сопре партија која се плаши од промени. Денес, пред граѓаните има два јасни концепти, еден, кој 20 години ја опустошуваше државата, и друг, кој гради иднина врз темели на чесност, труд и заедничка визија. Изборот е лесен, нема враќање назад. Македонија оди напред, без разлика колку ДУИ се обидува да го сопре тој пат! |















